Стан во Скопје и државно признание да му се даде на Мекејлеб – бара ТМРО


Македонската влада да донесе одлука за оддавање посебно признание за државни заслуги и стан, на натурализираниот македонски кошаркар Лестер Бо Мекејлеб побара претседателот на ТМРО, Ванчо Шехтански.

Тој истакна дека на тој начин ќе му биде искажана посебна благодарност за досегашните залагања и достигнувања во дресот на македонската репрезентација.

Од ТМРО велат дека сега Македонската држава треба да покаже достоинствен сенс и со овој потег да му се овозможи на Мекејлеб уште повеќе да се чувствува како во своја земја.

– Тоа сигурно ќе значи и негова приврзаност кон земјава со посети и надвор од кошаркарските обврски, истакна претседателот на ТМРО, Шехтански.

Тој додаде дека Мекејлеб со својот однос кон македонскиот национален дрес и несомнениот придонес за македонската држава како нејзин спортски амбасадор тоа го заслужи, а наша морална доблест е мал гест на внимание, за кој сигурно ќе има национален консензус.

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1