Стартува ,,Пиво Фест,,


Прилеп и оваа година е домаќин на прилепскиот „Пиво Фест“ кој што ќе се одржи на површина поголема од 5.000 метри квадратни во самиот центар на Прилеп.

Обезбедени се 33 штандови на кои ќе се презентираат и продаваат разни пива и јадења. Локалната самоуправа уверува дека сите потребни подготовки за фестивалот се направени и само останува на посетителите да уживаат во фестивалот.

Наредните четири дена, до недела на посетителите ќе им се нудат 30-ина видови пиво, скара и многу забава со настап на атрактивни музички имиња од земјава и од Балканот.

– Фестивалот стана бренд не само за Прилеп, туку и за Македонија и за овие простори. Очекуваме посетители од Целиот Балкан, од повеќе европски земји и нашинците од прекуокеанските земји кои вообичаено го користат одморот за време на Фестивалот на пивото, вели градоначалникот Марјан Ристески.

Покрај туристичкиот воз кој беше промовиран деновиве, прв пат посетителите ќе може да уживаат на велосипедот со 10 седишта кој е и подвижен шанк, а ќе им биде на располагање и пајтонот.

Секојдневно, покрај редовната вечерна програма со настап на познати музичари, ќе има придружни изненадувања и натпревари во брзо јадење скара, пиење пиво.

Организаторите се убедени дека Фестивалот ќе ги урне досегашните рекорди во посетеност и дегустацијата на пенливиот пијалак и скарата. Се очекуваат над 350.000 посетители. Сите сместувачки капацитети се на располагање, а во Паркот на револуцијата е поставен и камп.

„Пивофест” во Прилеп свечено ќе биде отворен вечер. Оваа прва фестивалска вечер ќе настапат повеќе групи од земјава и странство, а меѓу познатите музичари деновиве ќе бидат: Влатко Стефановски, Есма Реџепова, Наум Петрески, Жељко Самарџиќ, Мирослав Илиќ, Петар Грашо, Лепа Брена.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1