Стотици гулаби исчезнаa во “птичјиот Бермудски триаголник”


Стотици гулаби тркачи исчезна над Североисточна Англија, поради што и оваа облас е наречена „птичји Бермудски триаголник”, пренесува Дискавери њуз.

„Телеграф” објави дека еден клуб пуштил јато од 230 птици од Северен Јоркшир. Од сите птици само 13 пристигнале на крајот од патот во Шкотска. Некои од сопствениците на стадото кои рутински ги пуштаат тренираните гулаби со задача да ја пронајдат својата куќа во растојание од неколку стотици километри, планираат веќе да не ги пуштаат своите птици додека не се реши оваа мистерија.

Претходно оваа година, истражувачите од колеџот Бејлор дошле до сознанија дека мозокот на гулабите содржи посебна група на клетки кои ја мерат силата и насоката на магнетното поле на Земјата, користејќи ги како компас. Експертите се прашуваат дали е можно птиците да го загубат чувството за ориентација особено кога ќе се земе предвид специфичноста на триаголниокот во североисточна Англија – означените места Ветерби, Корсет и Тирск. Некои сопственици јата за се ги обвинуваат сигналите од блиската сателитска станица Кралската воздухопловна сила на ридот Менвид.

„Постојат голем број на експерименти за негативниот ефект на радио сигналите на ориентацијата на гулабите“ вели професор на невробиологија Валкот Чарлс, кој ги проучувал гулабите од 1962 година.

И додека едните ја обвинуваат блиската сателитска станица, други тврдат дека  високото ниво на соларна активност за која се тврди дека го промени Земјиното магнетно поле е виновна за ориентацијата на гулабите.
Професорот Валкот истакнува дека истражувањата покажале дека прекинот на магнетното поле на Земјата предизвикана од соларни ракети влијае на внатрешниот компас на гулабите, менување на почетната насока која птицата ја избрала кога била пуштена да лета.

Tags: , ,

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1