Страотна сообраќајка на Илинденска: Автомобил со мајка и бебе се заби во бандера (ФОТО)


Во несреќата учествувале два автомобила, едниот од автомобилите од силината на ударот скршил бандера.Две лица се здобиле со повреди, но карактерот на истите засега не е познат. Повредените се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.

фото – Pressingtv.mk

Неофицијално повредено е бебе и неговата мајка во тешка сообраќајна несреќа која пред малку се случила на Илинденска пред Фонтана во Парк, јавува Pressingtv.mk

Според првичните информации на полицијата, автомобилот „сеат алтеа“ движејќи се со голема брзина, удрил во семафорот. Од силината на ударот автомобилот со задниот дел се качил на бетонскиот ѕид од паркингот до булеварот.

Други, пак сведочат дека автмобилот со кој управувал маж, а мајката била совозач, преминал преку полна лента за да претекне колона. Таму имало друго возило што вртело лево. Го закачиле, по што изгубиле контрола и удриле во столбот. Според кажувањата возеле прилично брзо.За време на сообраќајната несреќа биле оштетени и други возила кои во моментот биле на раскрсницата на булеварот кај Градскиот парк.

Неофицијално, освен бебето и неговата мајка, повредено е уште едно лице. Во моментов полициски екипи вршат увид, а сообраќајот на овој патен правец со одвива со наизменично пропуштање на возилата.

Повеќе ФОТО на –  Pressingtv.mk

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1