Возило на Итна помош и „фолксваген пасат“ со словенечка регистрација се судрија попладнево околу 15.15 часот на раскрсницата на булеварот Партизански одреди и Октомвриска револуција.
Возилото на итната медицинска помош како што јави МТВ превезувало дете со висока температура, кога автомобилот, непочитувајќи ја предноста на медицинското возило, странично удрило во него.
Во сообраќајката биле повредени двајца од „пасатот” и двајца од персоналот во возилото на Итната помош. Двајца повредени се пренесени во Градската болница 8 Септември, а двајца се пренесени во Ургентниот центар.
Од Ургентниот центар за Канал 5 изјавија дека пациентите кои се пренесени таму не се со критични повреди. Се уште нема информација за состојбата на повредените кои се во болницата 8 Септември.
Полицијата извршила увид и треба ги утврди причините за несреќата.