Две лица ги загубија животите во сообраќајна несреќа која пред околу еден час се случила кај Штип, дознава Курир.
Според првичните информации, несреќата се случила на излезот од Штип на патот кон Радовиш.
Автомобилот во кој биле двајцата мажи од засега неутврдени причини излетал од патот и завршил во водите на Брегалница. Двете лица починале на лице место.
Од полицијата за Курир ја потврдија несреќата додавајќи дека во тек е увидот по што ќе бидат познати повеќе детали.