Четириресет и шест годишниот битолчанец Благојче П. го загуби животот вчера попладнево во сообраќајна несреќа која се случила во Битола.
Од полицијата информираат дека до несреќата дошло при судир на мотоцикл Јахама кој го управувал Благојче и автомобил Матиз кој го возел 22 годишниот З.В. од Битола.
Благојче со тешки повреди бил итно пренесен во клиничката болница во Битола каде околу 19:30 часот им подлегнална повредите.
Полицијата на местото на несреќата извршила увид, а телото на починатиот е предадено на обдукција.