Стружанец загина туркајќи го “фиќото“ да запали


Едно лице го загуби животот утрово во несреќа на регионалниот пат Струга-Дебар, во близина на каменоломот кај месноста „Бороечки мост”. Се работи за шеесетичетири годишниот Неде Ц. од селото Пискупштина, кој починал откако на него се превртел автомолбил „Застава 750″.

ficaНесреќата се случила утрото во седум часот кога починатиот се обидел да го запали автомобилот со туркање на наудолница на пат кој води кон Глобочичкото езеро. Како што соопшти полицијата, автомобилот во моментот на забрзување се превртел на левата страна каде што се наоѓал Неде Ц. кој не успаеал да влезе во возилото и да го сопре неговото движење по надолниот пат. Од добиените повреди тој на лице место го загубил животот.

Полицијата изврши увид во присуство на Јавен обвинител како и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Струга.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1