Студентка а влакно ја избегна смртта: Ги помешала деновите и го пропуштила кобниот лет


Џесика Ји Ваи Чинг, студентка на пекиншкиот универзитет Чингхуа, за влакно избегна смрт.

443379malezija-avion03reutersfoto-reutersfТаа требало да биде една од патниците на Боингот 777, за кој се претпоставува дека паднал во Јужното кинеско море. Девојката го згрешила времето на полетување, па така избегна сигурна смрт. Чинг требало да биде во авионот, но мислела дека треба да дојде на аеродром во сабота навечер, а не во саботата наутро кога навистина полета авионот и потоа исчезна над морето.

– Ги помешав деновите. Мислев дека треба да бидам на аеродром во сабота вечер. Кога сфатив дека погрешив, брзо ги спакував куферите и се обидов да стигнам на аеродром. На патот до таму успеав да резервирам место на следниот лет, така што се откажав од тоа да се качам на летот МХ 370, кој уште можев да го стигнам – рече Џесика.

Подоцна прочитала за судбината на летот на кој требало и таа да биде.

-Веднаш ја повикав сестра ми и и реков дека требаше да бидам на тој лет. Некој и знаеја дека ќе патувам со тој лет. Тие кои знаеја цел ден ми се јавуваат и прашуваа дали сум жива, раскажува Џесика.

Иако е среќна што преживеа, вели дека сочувствува со семејствата на оние чии најмили биле на тој лет.

-Тоа е измешано чувство. Се чувствувам среќно што преживеав, но и грозно што знам дека толку луѓе беа на тој лет и дека сум можела да бидам една од нив. Верувам дека ми е дадена втора шанса. Тоа е судбина – рече таа.

Џесика ќе полета во Пекинг во понеделник.

Контролата на воздужниот сообраќај во Куала Лумпур изгубила контакт со авионот на Малезија Ерлајнс во кој се наоѓале 239 патници и членови на екипажот. Морнарицата пронајде траги од керозин во морето за кои се верува дека се од авионот. Ова би можело да биде најтешка несреќа со авионот Боинг 777.

Снимка од падот на авионот? 2 од патниците најдени живи некој летал со нивни фалс пасоши
Патник од исчезнатиот авион контактирал со семејството
Терористи го урнаа авионот во Малезија – Американците ја проверуваат можноста

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1