Стујардеса и истурила супер лепак на косата – авиокомпанијата и понудила 100 долари – Жената ги тужи


Тоа беше навистина непријатен лет. Летав дома од Сан диего до Хјустон со United Airlines и навистина беше ужасно, вели Karen Reed која тврди дека косата и опаднала бидејќи стујардесата и истурила супер лепак на главата.

Но не е само непријатниот лет виновен. Карен тврди дека стујардесата истурила врз нејзината коса супер лепак кога се обидувала да го поправи искршениот простор за багаж над нејзината глава, кој не сакал да се затвори, па стујардесата одлучила да го залепи со супер лепак. Но поради турбуленција лепакот завршил во косата на патничката. По што цело парче од косата и отпаднало.

Но за да биде иронијата поголема, стујардесата истурила премногу лепак и на просторот за багаз па лепакот капел на седиштето и врз патничката.

Кога Реед побарала помош стујардесата ја игнорирала. Патничката револтирана станала од седиштето а друга стујардеса дрско ја опоменала дека мора да седне да се врзе со појасот. Не сакала да ја чуе патничката зошто не е седната на своето место. Дури 10 мин подоцна и донела ќебе да го постели на седиштето за да не седи врз лепакот.

Патничката веднаш откако излегла од авионот поднела поплака до авиокомпанијата, дури им доставила и фотографија од искубаната коса и дупката на главата.

Но авиокомпанијата и рекла дека може да и понудат 40.000 милји и 100 долари како штета. Патничката одбила навредена. А тие потоа и понудиле ,, извинување,, во кое напишале

“Навистина ни е жал поради тоа што се случи, би сакале повторно да летате со нас,, напишал портпарлот на United Airlines, Charlie Hobart.

Патничката најави тужба за компанијата и лично за стујардесата.

Tags: , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1