Суперпастув „направил“ 1331 ждребе! Сопственикот заработил 5 милиони евра


За своите 23 години, пастувот по име Алфлор „направил“ 1331 ждребе и на својот сопственик му овозможил заработка од пет милиони евра. Во најдобрите денови, успевал да оплоди дури пет кобили дневно.

Британецот Питер Хокенхал купил коњ по име Алфлор кога животното имало само седум години. Бидејќи коњот бил повлечен од тркачките натпревари, фармерот решил во иднина да го искористи за оплодување на кобили.

Купувањето на Алфлор се покажало како капитална инвестиција, бидејќи пастувот во новата улога се снашол подобро отколку на хиподромот. За една „сеанса“, Хокенхал наплаќал по 3700 евра, па до сега заработил околу 5 милиони евра.

– Алфлор е издржлив војник. Кога згодна кобила ќе помине покрај него тој веднаш се фрла на акција. Свесен е за фактот дека е пензионер, но и понатаму ужива во својата работа. Се надевам дека кога ќе дојде неговиот последен ден ќе се забавува со некоја кобила, изјавил за „Дејли Меил“ британскиот фармер.

Денеска Алфлор боледува од артритис но неговиот сопственик вели дека и понатаму ќе се занимава со „она што го знае најдобро“. Неговите потомци не само што се убави, туку и многу успешни. Едно од неговите ждребиња до сега победило дури 11 пати во трките со коњи.

Tags: , , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1