Свадбите секогаш се големи случувања, но оваа била организирана по повод стапувањето во брак на внукот на лидерот на најголемата еврејска секта, 18-годишниот Шалом Рокич и неговата 19-годишна свршеница Хане Батје Пенет.
Имено, на оваа ултра-ортодоксна еврејска свадба присуствувале неверојатни 25.000 луѓе, членови на Хасиди сектата кои дошле да го прослават овој важен ден за нивниот лидер.Според обичаите на оваа влијателна гранка на јудаизмот, невестата пред свадбата не смее да зборува со мажи, а за време на целата церемонија нејзиното лице мора да биде сокриено од погледот на сватовите.
Белц Раби, династијата чиј наследник склопил брак на светата ерусалимска земја, е меѓу најстарите и најмоќните секти на еврејската вера. Нивните корени датираат од 14-от век, а по потекло се од Полска.
Свадбата, составена од два традиционални дела, траела до утринските часови, а улиците на Ерусалим биле затворени додека церемонијата не завршила.