Австралиската пејачка Кајли Миног (47) се сврши со своето момче, британскиот продуцент и режисер Џошуа Сасе (28). Двојката наводно се свршила во јануари на скијање во Швајцарија, а веста ја потврдија викендов со објава во британски „Телеграф“ и со дијамантскиот прстен на раката на Кајли.
Пејачката не ја крие својата љубовна среќа од септември минатата година кога ја освоил 20 години помладиот Британец. Тие се запознале на сетот на серијата „Галвант“ во кој тој глуми, а Кајли се појавила како специјална гостинка.
Во јануари Кајли и Џошуа заминаа на романтичен одмор на швајцарските Алпи, а актерот токму таму клекнал на коленици и ја побарал нејзината рака. Детали за нивната венчавка се уште нема. Кајли зад себе има неколку долгогодишни врски од кои најпознати се врските со Џејсон Донован, покојниот пејач на „Инексес“ Мајкл Хачинс и францускиот актер Оливие Мартинез.