„Свирипиле“ – уште еден македонски традиционален рецепт што го освојува светот


Приказната за традиционалното македонско „свирипиле“ раскажана во брошурата „Буковска пипер“

Се смета дека македонското и единствено „свирипиле“ името го добило многу одамна кога на некое детенце му се пријало, а бабата направила „нешто“ со пиперки и го олутела. За да не плаче внучето, почнала да му вика „Свири пиле, Свири пиле!“. Оттогаш, така останало меѓу народот.svirepile2

Во селото Буково свирипилето е познато како „солило“, а во Битолско, со додаток на маслинки, го викаат „Макарина“.

Свирипилето најчесто се сервира со домашен потпечен леб, посебно во есенските и зимските месеци. Некои го јадат како макало, а некои како прелив. Се подготвува од буковска пипер, масло и вода

– Во загреан сад се става масло. Се додаваат малку буковска пипер и вода. Смесата се промешува додека не зоврие, а потоа се ставаат и сушено нане и лук. Некои семејства, пак, свирипилето го прават од брашно, сол, пипер и домашен сос од домати. Се ова се става во загреано масло, а откако ќе зоврие, му се додава нане. Подготвеното свирипиле најчесто се сервира со домашен потпечен леб, но може да се сервира и во комбинација со домашни печени колбаси.

Според други извори, „свирипиле“ се прави од суви пиперки, лук, масло, киселина, малку вода, сол и нане. Можно е да има и други модификации или додавки.

Под името „слатко свирипиле со бадем“ традиционалниот рецепт неодамна беше „трансформиран“ од светски познатиот готвач Џанфранко Киарини. Тој ја посети Македонија кон средината на месецов. Се претстави со гастрономски перформанси во Скопје на 12 и 14 октомври кога на претходно дефинираното мени, на изненадување на гостите, го вметна и свирипилето.

Киарини првпат проба „Свирипиле“ во Скопје со уште неколку традиционални јадења карактеристични за земјава. Посебно се воодушеви од неговиот вкус, се заинтересира за потеклото и за начинот на подготовка. При посетата на селото Буково го пречека трпеза на која „главно“ беше свирипилето. Неговиот рецепт „слатко свирипиле со бадем“ за кој идејата произлегла на враќање кон Скопје, се состои малку загреано маслото, буковец (за арома) и потпечени бадеми.

– Во блендер се става вода, буковец, мед, бадем и малку маслиново масло. Смесата се блендира, а целото јадење се сервира во т.н. Amoushe Boushe варијанта која на крај се прелива со мед со тартуф, вели македонскиот готвач Филип Чаловски кој е инспириран од Киарини и планира нешто поинаков рецепт за свирипилето.

Размислува за некоја песто варијанта – ореви, лукче, киселина, масло, малку мед и пипер.

ИЗВОР: МИА

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1