Тачи: Ако се подели Косово – ќе се поделат уште 6 држави


Поделбата на Косово ќе значи промена на границите за најмалку уште шест држави, изјави  премиерот на Косово Хашим Тачи за Associated Press.

„Некои српски официјални лица нудат поделба на Косово како опција, но тоа не е опција. Промената на границите е опасен преседан за Балканот. Никогаш нема да дојде до поделба, ако дојде до поделбата на Косово тоа ќе значи промена на на границите на барем уште шест земји”

Србите од северниот дел на Косово треба да се интегрираат во општеството во институциите на Косово, а не да се делат, истакна Тачи.

Косово сака да преговара со Србија. И двете земји ќе имаат интерес ова прашање да се реши – што ќе значи и крај на ерата на конфликтите во регионот и побрзо интегрирање на сите земји во ЕУ, рече Тачи.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1