08/04/2020 16:03
•
Posted by: MK News
„Министерството за здравство со големо жалење ја информира јавноста дека предмалку почина родилката позитивна на Ковид-19 од Куманово на 27 години. Таа на 30 март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје роди недоносено машко новорoденче, негативно на вирусот. Родилката беше префрлена на Инфективната клиника на 31 март поради влошена клиничката слика и отежнато […]
______________________________________________________________________________________________________
08/04/2020 09:28
•
Posted by: MK News
Запрашан да се обрати до нацијата, министерот за здравство Венко Филипче, во “Топ тема” на Телма телевизија, вечерва ја пренесе сликата од болниците и упати силна порака до граѓаните: “Сите имаме многу голема одговорност. Мора да сме сите свесни дека ако не се почитуваат мерките нема да имаат никаков ефект. Имаме работа со болест која, […]
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2020 15:40
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти заболени од коронавирус: пациент од Куманово (52г), пациентка од Лабуништа-Струга (65г), пациентка од Челопек – Тетово (62г) и една пациентка од Штип (81г). Во Куманово дома почина уште еден пациент потврден на вирусот на возраст од 53 години. […]
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2020 09:38
•
Posted by: MK News
Лицата позитивни на КОВИД-19 без здравствено осигурување, ќе се лекуваатна товар на Фондот. Во рамки на 36-тата седница, денеска, беше донесена Уредба со законска сила за примена на Законот за здравствено осигурување за време на вонредна состојба според која на осигурениците на кои им се ускратени правата од задолжителното здравствено осигурување поради нередовно уплатуван придонес […]
______________________________________________________________________________________________________
06/04/2020 17:26
•
Posted by: MK News
Утрово на Клиниката за инфективни болсети се примени десет пациенти, истакна министерот, хоспитализирани се вкупо 70 пациенти, од кои осум се на механичка вентилација, а десет се со потешка клиничка слика, другите се со среднотешка клиничка слика. Министерот за здравство Венко Филипче одржа заедничка прес-конференција во Владата заедно со премиерот Оливер Спасовски и д-р Владимир […]
______________________________________________________________________________________________________
06/04/2020 15:40
•
Posted by: MK News
Владата денеска го пушти во употреба првиот контакт центар наменет за поддршка на бизнисот и граѓаните во врска со економските прашања во услови на справување со кризата предизвикана од КОВИД-19. Компаниите и физичките лица со јавување на телефонскиот број 02/324-8040 ќе можат да ги добијат сите потребни информации и појаснувања во врска со начинот и […]
______________________________________________________________________________________________________
06/04/2020 15:30
•
Posted by: MK News
БРАВО ЗА МАКЕДОНЦИТЕ – ЗА ХУМАНИТЕ ГРАЃАНИ кои и во ова време – невреме се организираа и на секој начин на кој можат се обидуваат да помогнат. Посебно на нашите лекари и медицински сестри, На социјалните мрежи се организирани преку фејс групи, шијат маски, заштитни одела. А сопствениците на 3Д принтери во Македонија САМИТЕ ИЗРАБОТИЈА […]
______________________________________________________________________________________________________
06/04/2020 15:06
•
Posted by: MK News
Владата на Република Македонија на предлог на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство и Генералниот кризен штаб, донесе дополнување на Одлуката за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата, односно за продолжување на полицискиот час на целата територија на државата. Се забранува движењето за сите граѓани на ниво […]
______________________________________________________________________________________________________
03/04/2020 17:10
•
Posted by: MK News
Владата донесе одлука за забрана и посебен режим на движењето на населението (полициски час) во Општина Куманово, и тоа целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од 21:00 часот во петок (денес) до 05:00 часот во понеделник. Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16:00 до 05:00 часот. […]
______________________________________________________________________________________________________
03/04/2020 15:12
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти. Едниот пациент на возраст од 70 години од Куманово кој од коморбидитети имал хипертензија и срцева слабост, неговиот резултат на Ковид-19 се уште не е готов. Другиот е пациент на возраст од 68 години, од село во околината на […]
______________________________________________________________________________________________________
02/04/2020 18:37
•
Posted by: MK News
Владата на Република Северна Македонија објави нова централна веб-страница за сите официјални информации поврзани со справувањето со коронавирусот на којашто ќе се објавуваат мерките, препораките и вестите од институциите. -Адресата на новата владина „Коронавирус МК” веб-страница е koronavirus.gov.mk на која граѓаните ќе можат да се информираат за сите апели, совети, препораки и забрани со цел спречување на ширењето на вирусот, како […]
______________________________________________________________________________________________________
02/04/2020 16:29
•
Posted by: MK News
Вознемирувачко видео утринава се појави на социјалните мрежи. Двајца штипјани со клоци и тупаници брутално тепаат девојка.. На видеото може да се забележи како едниот од насилниците држи тест за бременост во раката, додека беспомошната девојка очајно моли да престанат да се иживуваат врз неа. Чинот на екстремно насилство паралелно го вршат и двајцата, додека […]
______________________________________________________________________________________________________
02/04/2020 10:49
•
Posted by: MK News
Родилките чие породилно отсуство од работа истекува за време на вонредната состојба ќе може да останат дома цело време додека трае вонредната состојба. Министерот за здравство Венко Филипче извести дека се подготвува законската измена која ќе овозможи продолжување на породилното отсуство. „За породилното отсуство дискутиравме со Фондот за здравство но се дискутираше и на Централниот […]
______________________________________________________________________________________________________
01/04/2020 15:51
•
Posted by: MK News
Ноќеска на Инфективната клиника во Скопје од коронавирусот почина 65 годишна жена од струшко Лабуништа. Таа имала претходни заболувања, хронично опструктивна белодробна болест, дијабетес, срцева слабост и обезност, информира министерот за здравство Венко Филипче. Што се однесува до пациентката која во неделата наутро почина во болница во Струга, а на која постморум и е земен […]
______________________________________________________________________________________________________
31/03/2020 15:09
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Ковид-19 починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар. Починатиот од Куманово имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија […]
______________________________________________________________________________________________________
30/03/2020 17:45
•
Posted by: MK News
Нов смртен случај и нови 26 заболени од корона вирусот во земјава за изминатово деноноќие. Вкупната бројка на инфицирани од опасниот вирус се искачи на 285. Министерот за здравство Филипче на својот Фејсбук профил информираше дека утринава починал 79-годишен пациент од Дебар. Пациентот е дијагностициран позитивен на Ковид-19 на 23 март, а со влошена здравствена […]
______________________________________________________________________________________________________
29/03/2020 15:27
•
Posted by: MK News
Двајца мажи, едниот на 31 година, другиот 91-годишен, се новите жртви на корона вирусот во земјава, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Двајцата починале на Инфективната клиника во Скопје. Постариот пациент осум дена се борел со болеста, а помладиот бил хоспитализиран на 23 март, но рано утрово починал поради многу тешка клиничка слика. Денеска има […]
______________________________________________________________________________________________________
28/03/2020 15:04
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (9), Куманово (3), Струга (3), Тетово (2), Дебар (2), Прилеп (2), Битола (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 241 лице. Според местото на живеење, досега […]
______________________________________________________________________________________________________