18/11/2020 12:07
•
Posted by: MK News
И кога надворешната температура преку ден ќе биде до 16 степени целзиусови, БЕГ ќе мора да испорачува парно во домовите. Ова го наложуваат измените со кои се дополнуваат мрежните правила за дистрибуција на топлина и кои предвидуваат зголемување на температурните граници при прекин на работа на топланите. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) која ги одобри […]
______________________________________________________________________________________________________
17/11/2020 21:33
•
Posted by: MK News
Реализирано бугарското вето за Македонија. Денешниот онлајн состанок на европските министри за надворешни работи – можност Бугарија да ги официјализира своите услови, под кои земјава ќе добие бугарско “ДА” за старт на преговорите. И покрај поддршката од 26 земји членки, источниот сосед опстана на позициите дека Македонија не ги исполнува критериумите за започнување на преговорите […]
______________________________________________________________________________________________________
17/11/2020 13:22
•
Posted by: MK News
По вчерашниот случај, кога почина пациентка на Инфективното одделение во болницата во Штип, Државниот здравствен и санитарен инспекторат, направи вонредна инспекција при што е земена целата документација за хоспитализираната пациентка. Заврши вонредниот инспекциски надзор во штипската болница во инфективното одделение каде почина 41 годишна пациентка за која семејството тврди дека не успевала да добие лекарско […]
______________________________________________________________________________________________________
12/11/2020 20:50
•
Posted by: MK News
Македонската фудбалска репрезенатција вечерва напиша историја. Со победата во Тбилиси над селекцијата на Грузија, Македонија за прв пат ќе игра на Европско првенство. Со голот на капитенот Горан Пандев во 56 минута, фудбалската репрезентација на Северна Македонија вечерва ја совлада Грузија со 1:0 и за првпат во историјата обезбеди пласман на Европско првенство. 37-годишниот ветеран […]
______________________________________________________________________________________________________
12/11/2020 20:30
•
Posted by: MK News
Македонија се пласираше на Европското првенство. МАКЕДОНИЈА ЈА СОВЛАДА ГРУЗИЈА ЗА ИСТОРИСКИ ПЛАСМАН НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО 2021 Голот на капитенот Горан Пандев во 56 минута од второто полувреме Македонија поведе со 1:0 и донесе пласман на Европското првенство. Македонската фудбалска репрезентација за првпат во својата историја ќе игра на едно големо натпреварување откако ја […]
______________________________________________________________________________________________________
11/11/2020 10:26
•
Posted by: MK News
На цела територија на државава рано утрово почувствуван е силен земјотрес. Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје земјотресот бил со јачина од 5.0 степени по Рихтер. Повеќе гостиварци и жители на градови во западниот дел од државава, како што објавија по социјалните мрежи, утрово доживеаја непријатно будење. Во шест минути пред […]
______________________________________________________________________________________________________
07/11/2020 17:44
•
Posted by: MK News
Џо Бајден ќе биде 46. претседател на САД, објавија светските медиуми, откако Пенсилванија прогласи негова победа. Иако неколку сојузни држави се уште ги немаат објавено резултатите од гласањето, победата во Пенсилванија му носи 20 електорски гласови, доволно за да го надмине прагот од потребните 270. На национално ниво, тој досега има освоено над четири милиони […]
______________________________________________________________________________________________________
07/11/2020 11:08
•
Posted by: MK News
Здравството се мобилизира. На сите вработени во овој сектор им се забранува користење на годишен одмор, платени и неплатени отсуства. Ваква наредба е испратена до сите здравствени установи откако одлуката на Владата беше објавена во Службен весник. Според информации на Сител на некои медицински лица од Клинички им било кажано дека не можат да користат […]
______________________________________________________________________________________________________
06/11/2020 19:22
•
Posted by: MK News
Бугарија го кажа првото „не“ на преговарачката рамка за Македонија за членство во Европската унија. Блокадата се случи на денешниот прв состанок на евроамбасадорите во Брисел пред министерскиот состанок на ЕУ, објави премиерот Зоран Заев. Според него со ова Бугарија го прекршила членот 2 од Договорот за добрососедство каде се обврзала дека ќе не поддржува […]
______________________________________________________________________________________________________
05/11/2020 11:37
•
Posted by: MK News
Од денеска во сила стапува Законот за изменување и дополнување на Законот за судски такси, со кој граѓаните конечно добиваат големо намалување на трошоците кои ги имаат во судовите. -Судските такси се значително намалени. Ако во минатото тие можеа да изнесуваат и до 48.000 денари, сега нема да платите повеќе од 6.000. Трошоците за судските […]
______________________________________________________________________________________________________
04/11/2020 09:05
•
Posted by: MK News
Американскиот актуелен претседател Доналд Трамп изјави денеска: „Ние победивме на овие избори“. Тој најави дека ќе се обрати до Уставниот суд да се запре пребројувањето на гласовите. „Ова е измама на американската јавност. Ова е срам за нашата земја“, изјави Трамп од Белата куќа и додаде: „Подготвени сме да ги освоиме овие избори. Да бидам […]
______________________________________________________________________________________________________
02/11/2020 23:33
•
Posted by: MK News
Неколку лица загинаа, а има и повредени во терористичкиот напад во центарот на Виена кој сѐ уште е во тек. Според австијските медиуми, во нападот има најмалку 7 мртви, а неколку лица се држат како заложници во еден од рестораните. Властите се сомневаат дека повеќе напаѓачи се вмешани во нападот и оти сѐ уште се […]
______________________________________________________________________________________________________
30/10/2020 18:59
•
Posted by: MK News
Откако утрово беа објавени во Службен весник, од денеска почнуваат да важат рестриктивните мерки кои пред 2 дена ги усвои Собранието. Носењето маска на отворено станува задолжително, а за непочитување на мерката предвидена е казна од 20 евра. Оваа мерка нема да важи за деца под 6 годишна возраст и за лица со посебни потреби […]
______________________________________________________________________________________________________
29/10/2020 13:42
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека самоизолацијата е задолжителна при тестирање за Ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па се до добивање на резултатот. Доколку резултатот е позитивен самоизолацијата продолжува. Ова се предвидува со новите измени на Законот за заштита на населението од заразни болести што Собранието вчера вечер ги усвои. За прекршителите на […]
______________________________________________________________________________________________________
29/10/2020 13:36
•
Posted by: MK News
Три лица се убиени во нападот со нож во францускиот град Ница, објави полицијата. Градоначалникот Кристијан Естроси Нападот се случи во базиликата Нотр Дам во центарот на градот. „Напаѓачот постојано извикуваше ‘господ е голем‘ додека беше приведуван од полицијата. Еден од убиените е чувар во базиликата“, кажа Естроси.нападот следува неполни две недели по бруталното убиство […]
______________________________________________________________________________________________________
28/10/2020 22:57
•
Posted by: MK News
Собранието вечерва ги усвои измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести и истиот ќе стапи на сила по објавување во Службен весник. Законот предвидува носење лична заштита на лицето и тоа: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или […]
______________________________________________________________________________________________________
25/10/2020 19:07
•
Posted by: MK News
Премиерот на Бугарија Бојко Борисов е позитивен на Корона, резултатот го потврди на социјалните мрежи. -По направени два ПЦР тестови од денеска сум позитивен на Ковид-19. Чуствувам општа слабост, во моментов по проценка на лекарите останувам на домашно лекување, напиша Борисов на ФБ. Во регионот, Хрватска денеска забележа нови рекордни над 2000 заболени и ги […]
______________________________________________________________________________________________________
21/10/2020 21:23
•
Posted by: MK News
Собранието на Република Северна Македонија склучи договор за набавка на сто преносни компјутери. Собранискиот спикер Талат Џафери ставил потпис на договор за набавка на преносни компјутери за пратениците. Собранието на Република Северна Македонија склучи договор за набавка на сто преносни компјутери. Се работи за моделот HP EliteBook 735 G6 Notebook PC, а според набавката, еден […]
______________________________________________________________________________________________________