Tag Archives: s1

ПОСЛЕДНА ВЕСТ: Сепак нема влез од полноќ без ПЦР тест во Србија, Бих и Црна Гора!

Во соопштението се вели: „Владата на Македонија ги известува граѓаните дека согласно влошувањето на состојбата со КОВИД-19 пандемијата во регионот и големиот број на нови позитивни случаи, влезот на македонски граѓани во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина нема да биде дозволен без приложување негативен ПЦР тест кој не е постар од 48 часа […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: АКО БУГАРИЈА ОСТАНЕ НА БАРАЊАТА, ТРЕБА ДА ГО ПОДГОТВИМЕ НАРОДОТ ДЕКА НЕМА ДА ПОЧНАТ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ

Премиерот Зоран Заев кажа дека разговорите меѓу бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева и македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи не биле добри и ако Бугарија остане на тоа што го предложила, македонскиот народ треба да се подготви дека во декември нема почнат пристапните преговори со Европската унија. „Разговорите меѓу министерот за надворешни […]

______________________________________________________________________________________________________

Ќе се воведе целосен карантин ако мерките не се почитуваат

Доколку не се почитуваат мерките и нагло порасне бројот ќе се воведе и целосен карантин најави министерот за здравство. Оваа недела значително се променила сликата во инфективните одделенија ширум земјава, капацитетите се пополнети, ќе се отвори и монтажната болница. „Голем е бројот на пациенти кои се примаат во болниците, само вчера во болницата „8 Септември“ […]

______________________________________________________________________________________________________

Филипче ја смени профилната фотка на ФБ: Не заборавај маска, дезинфекција и да држиш дистанца

Министерот за здравство Венко Филипче ги повика граѓаните да не забораваат маска, дезинфекција и да држат дистанца. – Заборавив веќе не е оправдување. Заборавањето на основните мерки за заштита може да биде фатално. Не забораваш клучеви, телефон и пари? Не заборавај маска, дезинфекција и да држиш дистанца. Едноставно е, објави Филипче на својот ФБ профил.

______________________________________________________________________________________________________

Нови мерки: Носење на маска секаде, освен за деца и при спорт, Во стан најмногу 4 лица

Забрана на семејни собири и прослави во домовите, забрането групирање по 22 часот, задолжително носење маска насекаде се новите мерки кои ги предлага Комисијата за заразни болести. Во еден стан или куќа најмногу ќе може да има 4 луѓе, забрането е групирање по 22 часот на повеќе од 4 лица, и тоа по паркови, бензински […]

______________________________________________________________________________________________________

Од понеделник патување без ПЦР во Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора

Mакедонските државјани од понеделник, 12 октомври, ќе може да влезат во Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина без негативен ПЦР-тест. Исто така, и државјаните на овие четири земји ќе може да влезат во земјава без тест. Премиерот, Зоран Заев на својот фејсбук профил соопшти дека Владата ја прифатила препораката од Комисијата за заразни […]

______________________________________________________________________________________________________

НОВИ МЕРКИ: Забранети гостувања на музичари, по 4-ца на маса

На оваа своја седница Владата ги усвои заклучоците од состанокот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, одржан на 4.10.2020 година, со предлог мерки за спречување од ширење на коронавирусот КОВИД-19. Во насока на намалување на ризикот од појава и ширење на КОВИД-19, Владата ги прифати ги препорача следите рестриктивни мерки на Комисијатa: […]

______________________________________________________________________________________________________

Комисијата за заразни болести одлучи – 4 на маса во кафеана, нема пејачи и дискотеки

На маса во кафена максимум ќе седат четворца наместо досега дозволените 12. Во угостителските објекти се забранува гостување на пејачи и диџеи, одлучи денеска Комисијата за заразни болести чии предлози министерот Венко Филипче ќе ги одбразложува на вечерашната владина седница, јавува Сител. Од Комисијата се категорични дека никогаш не дозволиле работа на дискотеки и ноќни […]

______________________________________________________________________________________________________

Бугарското Собрание изгласа: Кирилицата е бугарска азбука – Кирил и Методиј се Бугари

Бугарското Собрание со 73 гласа за, 4 против и 34 воздржани, денеска го усвои во прво читање, предлогот на коалицијата Обединети патриоти предводена од ВМРО-БНД на вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов, која е дел од Владата на Бојко Борисов, за преименување празникот 24 Мај од „Ден на бугарската просвета и култура и на […]

______________________________________________________________________________________________________

Трамп и Меланија позитивни на Ковид-19

Американскиот претседател објави на Твитер дека тој и сопругата Меланија се позитивни на Ковид-19. Како што наведе, двајцата одат веднаш во карантин. Претходно соопшти дека неговата блиска соработничка, Хоуп Хикс (31) е позитивна на Ковид-19. Хикс е најблискиот соработник на Трамп кој е позитивен на Ковид, а според Би-Би-Си, таа патувала со авион со него […]

______________________________________________________________________________________________________

На ГАК новороденче родено позитивно на Ковид-19, се испитува дали е прв случај за вертикална трансмисија

Регистрирано е новороденче позитивно на Ковид-19 на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство. Ниту новороденчето, ниту мајката немале симптоми. Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја потврди информацијата, но посочи дека ќе биде направен уште еден тест за да се потврдат сомнежите. Истакна дека доколку и тој биде позитивен, ова би било прв случај на […]

______________________________________________________________________________________________________

Платформата за он-лајн настава падна на првиот тест, надлежните смируваат

Заѕвони првото онлајн ѕвонче за дел од учениците кои се решија за онлајн настава. Часовите се одржаа на палтформата скулс.мк и траеја околу 10 минути. Интернет часовите беа пробни и не се сметаа за дел од официјалната настава која според владините најави треба да почне во четврток. Но, кратко откога завонија онлајн ѕвончињата платформата „падна“. […]

______________________________________________________________________________________________________

Пасоши и лични карти со Северна Македонија од следната година

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски очекува следната година да почне примената на проектот за пасоши и лични карти со новото уставно име на државата. -Управувачкиот комитет во МВР континуирано работи на имплементација на проектот и очекувам дека многу скоро веќе ќе има конечен датум од којшто ќе почнат новите пасоши, изјави денеска Спасовски, одговарајќи […]

______________________________________________________________________________________________________

Филипче: Состојбата со Ковид-19 се влошува, можно е воведување рестриктивни мерки

Состојбата со коронавирусот кај нас, како и насекаде во Европа и во многу земји во светот се влошува како завршува летото. Велика Британија, Франција, Шпанија, Чешка, Холандија се меѓу земјите кои се подготвуваат да имплементираат нов пакет рестриктивни мерки во обид да се спречи ширењето на коронавиурусот во овие земји. Ова денеска на прес-конференција го […]

______________________________________________________________________________________________________

Украле починат пациент сосе кревет од Инфективна во Струмица – креветот го вратиле

Утринава од амбулантата на Инфективното одделение во болницата во Струмица е украден починат пациент. Директорот на болницата Наќе Гогов кажа дека 49-годишен пациент од Струмица утрово околу 9 часот бил хоспитализиран во инфективната амбуланта со зголемена температура, висок крвен притисок и малаксаност и починал за кусо време. Веднаш потоа, неговите најблиски, со 20 други луѓе, […]

______________________________________________________________________________________________________

Родилката починала од крварење – внатрешна комисија ќе го испитува случајот

Родилка и нејзиното бебе синоќа починаа на скопската клиника за гинекологија . Докторите велат причина за смртта на мајката била згрутување на крвта по извршениот царски рез . Внатрешна контрола ќе го испитува случајот . Родилката која била во деветти месец дошла на преглед, а по направеното ЦЕ-ТЕ-ГЕ, и било кажано да почека оти снимката […]

______________________________________________________________________________________________________

Бугарија до земјите од ЕУ: Македонците се проект на Тито, јазикот е дијалект на бугарскиот

Бугарија испратила објаснувачки меморандум со услови до земјите членки на ЕУ за евроинтегративниот пат на Македонија. Официјална Софија бара поддршка од нив за својата позиција во однос на македонскиот идентитет и јазик. Како што пренесува РСЕ кои имале увид во документот во него биле наведени неколку тврдења дека македонската нација е творба на Тито, а […]

______________________________________________________________________________________________________

Границите со Грција остануваат затворени и во следните две недели

Одлуките за привремено ограничување на копнените граници со Македонија, Албанија и на Турција, како и за забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, Грција ги продолжи до 30 септември. Станува збор за двете министерски одлуки, кои во изминатите месеци се продолжуваа на секои две седмици. Во однос на копнените граници, ограничувањата, „од […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1