27/03/2020 16:45
•
Posted by: MK News
Британскиот премиер Борис Џонсон е позитивен на коронавирусот, јави Би-Би-Си, а тој го потврди истото и на својот профил на Твитер. Џонсон засега има благи симптоми. – Имам треска и кашлица. По совет на лекар, се тестирав и сум позитивен. Јас сум во самоизолација, работам од дома и сум во постојана комуникација со моите колеги […]
______________________________________________________________________________________________________
27/03/2020 16:38
•
Posted by: MK News
Бројката на заболени од корона вирусот во Македонија достигна 219. Во изминатото деноноќие, од вкупно 18 новорегистрирани случаи, 11 се од Скопје, четири од Прилеп, во Куманово се потврдени два нови случаја и уште еден во Тетово. Бројката на починати и излекувани останува непроменета информира министерот за здравство Венко Филипче и додаде дека простор за […]
______________________________________________________________________________________________________
26/03/2020 14:37
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 24 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Куманово (4), Дебар (2), Охрид (1), Штип (1), Тетово (1). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 201 лица. Според местото на живеење, досега случаи на […]
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2020 17:30
•
Posted by: MK News
Пет од 29-те нови регистрирани случаи позитивни на коронавирусот се лица поврзани со заболената поранешна директорка на Клиника за кожни болести. Тие се асимтоматски, без симптоми на заболување, но нивните тестови за коронавирусот се позитивни. Лицата биле и ќе останат во домашна изолација, и ќе бидат во контакт со лекари од Инфективната клиника. Како што […]
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2020 15:53
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (20), Куманово (3), Велес (3), Прилеп (2) и Дебар (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти. […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2020 14:53
•
Posted by: MK News
Доколку граѓаните имаат некој од следните симптоми: сува кашлица, висока температура, треска или отежнато дишење, најпрвин треба да се јават по телефон кај својот матичен лекар. Заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите граѓаните не смеат да одат во ординација, туку исклучиво да се јават по телефон кај својот матичен лекар. Матичниот лекар […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2020 13:45
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (7) и Куманово (5). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти. Според местото на живеење, досега случаи […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2020 09:00
•
Posted by: MK News
Според податоците објавени на веб-страницата на Институтот за јавно здравје, најмладиот пациент во Македонија заболен од коронавирус е двегодишно дете, а најстариот пациент има 91 година. Во деталниот дневен извештај на Институтот за јавно здравје, пишува дека „возраста на заболените се движи од 2 до 91 година (просек 42,2 години), а најголемиот број заболени (23 […]
______________________________________________________________________________________________________
23/03/2020 15:09
•
Posted by: MK News
Во земјава има доволни количини и на кинин, лекот против маларија, и на сумамед, антибиотик, лекови за кои најновите светски студии укажуваат дека ако се користат во комбинација, можат да бидат ефикасни во лечење на заболените од опасниот коронавирус. Од Министерството за здравство тврдат дека лекот против маларија, кинин, во земјава го има во доволни […]
______________________________________________________________________________________________________
23/03/2020 14:44
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Дебар (4), Куманово (2) и Охрид (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 136, од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти. Според местото на […]
______________________________________________________________________________________________________
23/03/2020 13:38
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент заболен од коронавирус. Се работи за маж на 63 годишна возраст од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата. Пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на 17 март, без покачена […]
______________________________________________________________________________________________________
22/03/2020 15:16
•
Posted by: MK News
Посмртно кај жена од Куманово, земени се брисеви, и констатирано дека имала корона вирус. Жената на возраст од 57 години, била во болница, но постојано и се влошувала состојбата. Нејзиниот син исто така е заболен од корона вирус. Во изминатите 24 часа, регистрирани се нови 29 нови случаи, со тоа денеска до 12 часот, бројот […]
______________________________________________________________________________________________________
22/03/2020 14:33
•
Posted by: MK News
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, објави сет времени мерки, кои ќе бидат спроведени во наредните неколку месеци дури трае вонредната состојба поради епидемијата предизвикана од коронавирусот. Тој кажа дека во наредните два месеца се кратат платите на јавната администрација, Владата ќе обезбеди помош за медиумите, спортските работници, уметниците… • Претседавачи на совет, советници, претседатели и […]
______________________________________________________________________________________________________
22/03/2020 13:49
•
Posted by: MK News
До 18 часот денеска сите македонски граѓани заглавени во меѓугранични простори или на аеродроми да се пријават во најблиското конузларно претствништво. Министерството за надворешни работи и Министерството за транспорт ќе организираат хуманитарни летови и конвои за да можат да ги вратат назад. Како што соопшти вчера министерот за надворешни работи Никола Димиров, такви се околку […]
______________________________________________________________________________________________________
22/03/2020 13:43
•
Posted by: MK News
Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 114. По градови: Скопје (22), Штип (3), Дебар (2), Куманово (1) и Охрид (1). Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (65), Дебар (36), Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2), Гостивар (1), Куманово (1). На Клиниката за […]
______________________________________________________________________________________________________
22/03/2020 09:38
•
Posted by: MK News
Од 25 седница на Владата: Донесена е Одлука за забрана за движење од 21:00 до 06:00 часот; Уредба за прекин на сите дејствија за спроведување на изборите; Владата им препорача на банките пензиите да се исплаќаат од 28 март Со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот на територијата на целата држава, Владата на Република […]
______________________________________________________________________________________________________
21/03/2020 10:00
•
Posted by: MK News
Согласно заклучоците на Владата, сите лица што не ја почитуваат мерката за самоизолација да бидат спроведени во државен карантин и против нив да биде поведена соодветна постапка. Трошоците за време на престојот во државен карантин ќe бидат на товар на лицата што не ја почитувале оваа мерка. За ова, се задолжува Министерството за правда, во […]
______________________________________________________________________________________________________
20/03/2020 22:11
•
Posted by: MK News
Попладнево се дијагностицирани 6 лица позитивни на коронавирус. Со ова, вкупната бројка на регистрирани пациенти позитивни на коронавирус во земјата е 76. Во текот на денов, потврдени се и 2 сопружници од Кавадарци – позитивни на вирусот, а во процес на тестирање е уште 1 лице од Кавадарци кое нема поврзаност со другите два случаи. […]
______________________________________________________________________________________________________