29/08/2018 12:54
•
Posted by: MK News
12-годишниот охриѓанец Марко Пејчиноски направи голем подвиг препливувајќи ја маратонската патека во должина од 30 километри од Свети Наум до охриското пристаниште. Пејчиноски денеска пливаше во тешки услови и по немирни води но тоа не му пречеше да ја оствари својата цел. Ако се знае дека имал како дете инфаркт на долните екстремитети овој подвиг […]
______________________________________________________________________________________________________
26/08/2018 16:18
•
Posted by: MK News
Кога пред две години беше објавена приказната за граничниот полицаец Боби Додевски од Куманово и мигрантката Нора од Ирак, речиси немаше некој кој не веруваше во тоа дека нивната љубовна прикзана е како од романите. За нив пишуваше целиот регион. Новинарски текстови, интервјуа за нив, за љубовата која се случила на Табановце, во транзит центарот,за […]
______________________________________________________________________________________________________
26/08/2018 16:04
•
Posted by: MK News
Со смртта на Ванчо Петрушески, Македонија загуби одличен актер и врвен глумец. Колегите се простуваат од него, а погребот ќе се изврши утре. Како што потврдуваат од МВР, актерот загинал при работење со електричен заварувач на пластични цевки. „На 25.08.2018 година било пријавено дека околу 13.20 часот во село Орешани, скопско, И.П.(67) од Скопје, додека […]
______________________________________________________________________________________________________
23/08/2018 12:38
•
Posted by: MK News
Tуристите кои ќе се одлучат од Лаларија, прекрасната плажа на грчкиот остров Скијатос, да понесат каменче како сувенир, ќе платат и до 1.000 евра казна. Властите на островот Скијатос сакале со високите казни да го сочуваат она што природата го чувала со векови. Туристите ги однесуваат каменчињата во џебовите и на тој начин сериозно го […]
______________________________________________________________________________________________________
22/08/2018 21:16
•
Posted by: MK News
Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија распиша тендер за хортикултурно одржување и уредување на објектите на државната управа со вредност од 41 милион денари (околу 670.000 евра), пренесува Слободен Печат. Главен критериум за добивање на тендерот е најниската понудена цена, а услови за кандидатите што ќе се пријават на конкурсот […]
______________________________________________________________________________________________________
22/08/2018 17:05
•
Posted by: MK News
Ирем Каришиќ, 26-годишното момче од Сараево, бил во море кај Сплит кога започнало силното невреме и го удрило гром. -Ние кои го видовме тоа, не можеме лесно да заборавиме. Не знам дали беше само лоша среќа или нешто друго. Девојката беше на само метар од него и нема никакви повреди, вели Перо П. сопственик на […]
______________________________________________________________________________________________________
18/08/2018 12:00
•
Posted by: MK News
Денеска завршува големата анкета на Европската унија која треба да даде увид на тоа што мислат граѓаните за укинувањето на сезонското поместување на стрелките на часовникот. Дека сезонското сметање ќе биде укинато, скоро е извесни, пишува Дојче веле додавајќи дека не се знае кога тоа ќе се случи и дали ќе се задржи зимското или […]
______________________________________________________________________________________________________
17/08/2018 19:40
•
Posted by: MK News
Џеј Остин и Лорен Гогеган одлучиле да ги напуштат своите работни места во Вашингтон и да се упатат на пат околу светот. „Се заштитив од животот во кој најубавите часови ги поминувам пред екран“, напиша Џеј на својот блог пред да даде отказ. Парот во доцните 20-ти своето патување го документирал на Инстаграм и заедничкиот […]
______________________________________________________________________________________________________
16/08/2018 23:25
•
Posted by: MK News
Претседатели, музички легенди, холивудски ѕвезди и други јавни личности ѝ се наклонија на Арета Френклин, кралицата на соул музиката и вистински уникатен вокал, која почина денеска на 76-годишна возраст по тешко боледување. Суперѕвездата која списанието „Rolling Stone“ ја прогласи за најдобрата пејачка на сите времиња, почина на 76 години во нејзиниот дом во Детроит, опкружена […]
______________________________________________________________________________________________________
16/08/2018 10:00
•
Posted by: MK News
Македонија располага главно со постари мостови, но нивните конструкции се држат одлично, уверуваат надлежните. По големата санација на мостовите долж Коридорот 10, која заврши во 2016 година, инфраструктурата редовно се контролира и мониторира. Проблеми има, но инспекциите се вршат редовно и тие навремено се санираат. Катастрофата од Џенова е предупредување дека ништо не е сигурно, […]
______________________________________________________________________________________________________
14/08/2018 17:30
•
Posted by: MK News
На денешната владина седница е разрешен директорот на БЈБ Лазе Велковски, чие барање за разрешување беше поднесено од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски после скандалот со службениот џип со кој ќерката на Велковски била однесена со другарките на одмор во Грција. Премиерот Зоран Заев вчера рече дека Велковски е член на СДСМ, но „законот […]
______________________________________________________________________________________________________
12/08/2018 13:47
•
Posted by: MK News
За прв пат во Република Македонија, но и во регионот па и во светски рамки, произведени се колбаси по традиционална рецептура при што е задржана нивната боја, вкус и трајност, а целосно да се изоставени хемиски дотатоци и засилувачи на вкус. Оспоруваните хемиски адитиви со Е-ознаки се заменети со природни состојки со што се постигнува […]
______________________________________________________________________________________________________
12/08/2018 13:36
•
Posted by: MK News
Српскиот професор по право Срето Ного, кој е претседател на Здружението на граѓани „Осиромашен ураниум“, поттикнувач на иницијативата да се тужат земјите на НАТО и граѓаните да добијат отштета, изјави дека очекува во октомври да бидат напишани првите тужби. – Нашите адвокати ќе им ги достават тужбите со докази на колегите адвокати во Германија, Италија, […]
______________________________________________________________________________________________________
09/08/2018 14:10
•
Posted by: MK News
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) открила дека во Македонија се увезени два генетски модифицирани производа, ориз и соини шницли и трошки без да бидат декларирани. И кај пченка за пуканки биле утврдени генетски модификации, но само со првичната анализа. Втората, суперанализа, направена во референтна лабораторија, била негативна. Покажала дека пченката не е генетски модифицирана. […]
______________________________________________________________________________________________________
08/08/2018 20:05
•
Posted by: MK News
Стевче Јакимовски излезе од Судот од каде доби мерки за пртпазливост. – Никој ништо не украл и не однел дома. Бараките и плоштадот се таму и нема смисла. Ако имам што да кријам дома ќе најдеа само долен веш и ќебиња, вели Стевчо Јакимовски денеска по распитот во Кривичен. Одземен пасош и редовно пријавување во […]
______________________________________________________________________________________________________
07/08/2018 11:35
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи и надлежните институции на Република Македонија во соработка со партнерите од Глобалната коалиција за борба против тероризмот и Сириските Демократски Сили, денеска приведоа седум македонски државјани за кои постојат основани сомненија дека како странски терористички борци активно учествувале во војните во Сирија и Ирак. Станува збор за македонските државјани С.Р. 1990, […]
______________________________________________________________________________________________________
06/08/2018 13:48
•
Posted by: MK News
Лекови за циркулација и проблеми со срцето, вијагра и цитостатици што содржат цемент, но и крема за обувки – ова се наоѓа меѓу запленетите 100.000 фалсификати кои претставуваат голема опасност ако стигнат до пациентите. Тоа се дел од податоци од Царинската управа на Република Србија за 2017 година, а само во првите шест месеци од […]
______________________________________________________________________________________________________
06/08/2018 13:28
•
Posted by: MK News
Стајковци, Скопско. Еден од најтешко погодените реони од невремето кое предизвика поплави во кои загинаа 22 лица. Две години потоа, во Стајковци се уште се видливи штетите кои ги предизвикаа обилните врнежи од дожд и силниот ветер попладнето на 6-ти август 2016-та. Тогаш, во текот на 24 часа во Скопје наврнаа 92,9 литри на квадратен […]
______________________________________________________________________________________________________