06/03/2018 21:23
•
Posted by: MK News
Бекир Асани, поранешниот претседател на општинската организација на ДУИ во Чаир, повторно го паркирал своето возило на истото место каде што при обид пајак-служба да го крене возилото, пајакот ја повреди полицајката. Sitel.com.mk
______________________________________________________________________________________________________
02/03/2018 13:59
•
Posted by: MK News
Полициската службеничка која вчера беше нападната од Бекир Асани, денеска на средба со министерот Спасовски тврди дека функционерот на ДУИ само вербално ја нападнал а повредите ги добила случајно удирејаќи се во пајак возилотот. Полициската службеничка Јасмина Јаначковска настанот лично му го објаснила на Спасовски кој пак ситуацијата ја искористи и за да се фотографира […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2018 15:25
•
Posted by: MK News
Добро позната банда составена од Руси, Украинци и Молдавци лани во ноември за само една недела успеала да испразни десетина сефови на познати бизнисмени во скопските банки, парите и златото исчезнале без трага, а македонската полиција до денеска упорно одбиваше да ја потврди оваа информација, пишува МКД.мк. Откако пред еден месец побарале потврда за оваа […]
______________________________________________________________________________________________________
25/02/2018 16:05
•
Posted by: MK News
Кривична пријава за трговија со дете поднесе денеска Министерството за внатрешни работи против 42-годишна кавадарчанка, во врска со случајот со штитеничката од ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми „25-ти Мај“. Единицата за трговија со луѓе и криумчарење мигранти при Одделот за сериозен и организиран криминал на МВР до Основното јавно обвинителство за сузбивање организиран […]
______________________________________________________________________________________________________
25/02/2018 15:12
•
Posted by: MK News
Александар Велики денеска официјално замина во историјата од скопскиот аеродром. Со помош на кран од утрово се отстрануваа буквите од досегашното име. Ќе се вадат и таблите на англиски од страната на аеродромската писта. Овие активности ги презема концесионерот на аеродромот. – Почнавме да ја имплементираме Одлуката на Владата. Знакот со името на терминалната зграда […]
______________________________________________________________________________________________________
21/02/2018 14:41
•
Posted by: MK News
Државниот секретар во хрватското министерство за демографија, Марин Стрмота си поднесе оставка од министерството за време на прес-конференција. На прес-конференцијата беа претставени демографски мерки кои тој ги нарече несериозни и „голем фолклор“. Стрмота оставката ја поднесе пред министерката Нада Мугарниќ, која неколку минути претходно ги претстави заклучоците од денешната седница за демографска ревитализација на Хрватска. […]
______________________________________________________________________________________________________
20/02/2018 18:24
•
Posted by: MK News
Порталот „Точка“ го објави целиот извештај што грчката полиција го доставила до Управата за судска медицина во Солун со барањето за обдукција на телата на Калина и Александар кои загинаа откако го искачија Кајмакчалан. Извештајот е преведен од грчки на македонски јазик, а „Точка“ пишува дека го добиле од семејствата на двајцата планинари.
______________________________________________________________________________________________________
19/02/2018 13:17
•
Posted by: MK News
Анализата и извештајот за зимското искачување на Кајмакчалан 2018-та на ФПСМ е полн со пропусти, недоречености и содржи низа контроверзии, кои сигурно треба да бидат расветлени докрај од страна на надлежните државни институции, објави весникот Нова Македонија. -Извештајот како што е составен, вклучувајќи ги и дополнителните изјави и објаснувања на некои од луѓето што застанаа […]
______________________________________________________________________________________________________
18/02/2018 14:44
•
Posted by: MK News
“Дивите копачи бараат злато, накит, вредни предмети, но не обрнуваат внимание дека го уништуваат културното богатство на овој со закон заштитен комплекс,, Северно, на нецел километар над денешниот лешочки манастир “Свети Атанасиј”, среде габрова и дабова шума, на шарпланинска падинка се наоѓа еден речиси целосно разурнат манастирски комплекс, посветен на светецот Атанасиј. Според поновите истражувања […]
______________________________________________________________________________________________________
15/02/2018 12:42
•
Posted by: MK News
„Меѓународен Аеродром Скопје“ или во транскрипција, испишано на англиски јазик „International Airport Skopje“. Вчера во „Службен весник“ се објавени одлуките на Владата за преименување на аеродромот „Александар Велики“ и автопатот од Табановце до граничниот премин Богородица. Одлуката треба да биде доставена до Министерството за транспорт и врски, до „ТАВ Македонија ДООЕЛ“ Скопје и до АД […]
______________________________________________________________________________________________________
15/02/2018 11:37
•
Posted by: MK News
Планинарскиот кулб „Трансверзалец“ изрази сочувство за загинатите планинари и објави дека доставиле информации до надлежните институции и дека утре ќе клубот ќе има изјава за медиуми. – „Со жалење и неизмерна тага изразуваме сочувство за прерано изгубените животи . Тие беа дел од нашата заедница и клубот и ќе им недостасуваат на сите членови и […]
______________________________________________________________________________________________________
14/02/2018 20:56
•
Posted by: MK News
„Градот Скопје сака да им појасни на граѓаните дека во согласност со законот за даноците на имот, секој даночен обврзник добива решение за плаќање годишен данок на имот и комунална такса фирмарина до 31 март во тековната година. Решението се плаќа на тримесечни рати до крајот на годината или во рок од 15 дена по […]
______________________________________________________________________________________________________
14/02/2018 13:00
•
Posted by: MK News
Паштета и леб, ова е секојдневниот оброк на Бојана Колева од Чаир, која боледува од епилепсија. Во студена соба, три години без парно и струја, на улицата Џон Кенеди, Бојана живее сама. Нејзиниот татко одамна е починат, а во вечното почивалиште пред десетина дена заминала и нејзината мајка. За да заработи некој денар, таа ја […]
______________________________________________________________________________________________________
14/02/2018 10:24
•
Posted by: MK News
Навистина е згрозувачки повикот на квази планинарското друштво „Трансверзалец„ од чие дилетанство, кое се граничи со умисла, загинаа нашите две деца Калина и Александар. Цели три дена од нив не чувме јавно извинување или барем некаков израз на сочувство за прерано трагично изгубените животи. Наместо тоа, друштвото што ја организирало оваа тура под водство на […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2018 14:29
•
Posted by: MK News
Сите што треба, знаат дека во дворот на некогашниот гигант Охис во Скопје лежи темпирана бомба, но за нејзино деактивирање досега не е направено речиси ништо, објави “360 Степени”. Илјадници тони токсичен отпад се депонирани овде во дворот на ОХИС. Отпадот е остаток од производството на пестицидот Линдан, кој се правел во фабриката. Меѓу токсичните […]
______________________________________________________________________________________________________
11/02/2018 15:04
•
Posted by: MK News
Извлечени се телата на двајцата планинари од Македонија од врвот Кајмакчалан и се симнуваат кон скијачкиот центар каде што доктори од итната служба ќе треба да констатираат дека момчето и девојката од Македонија се мртви, дознава МИА од грчката противпожарна служба. Две лица, планинари од Македонија, загинаа на врвот Кајмакчалан на планината Ниџе во Грција, […]
______________________________________________________________________________________________________
11/02/2018 14:59
•
Posted by: MK News
Патнички авион Ан-148 што полетал од московскиот аеродром Домодедово, се урнал, а според информациите кои ги пренесуваат светските медиуми нема преживеани. Бројот на жртви е 71, од нив 65 биле патници, а шест лица го сочинувале екипажот. Авионот беше на пат кон градот Орск, а исчезнал неколку минути по полетувањето и, наводно, се урнал на […]
______________________________________________________________________________________________________
10/02/2018 19:00
•
Posted by: MK News
Белград – Во срцето на градот, хотелот со пет ѕвезди Теразије, ќе има врвни апартмани, наменети пред се за деловните луѓе и семејствата. Овој хотел е најновиот дел од семејниот бизнис на империјата на еден од најбогатите Срби Филип Зептер. На највисокиот, седми кат, се изградени станови од 200 квадратни метри, со стаклена тераса од […]
______________________________________________________________________________________________________