19/01/2026 12:13
•
Posted by: MK News
Потрагата по уште пари и докази против апелацискиот судија Ѓоко Ристов продолжува, по претходно откриениот сомнителен имот. Деновиве во домот на неговите родители во Неготино беа пронајдени 350.000 евра скриени во ѕид, за кои истрагата проценува дека се без покритие. Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) истакнуваат дека јавниот обвинител во наредните […]
______________________________________________________________________________________________________
17/01/2026 11:25
•
Posted by: MKD
Предлог-законот за заштита од пушењето, подготвен од Министерството за здравство, предвидува забрана за пушење во затворени јавни и работни простории, во согласност со европските стандарди и препораките на Светската здравствена организација. Со ова се воспоставува јасно и универзално правило кое ги штити сите граѓани, без исклучоци и без сиви зони. Како што информира Министерството за […]
______________________________________________________________________________________________________
16/01/2026 14:31
•
Posted by: MKD
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг – напади што се изведуваат преку лажни СМС – пораки, електронски пораки, веб-страници и пораки на социјалните мрежи. – Пораките обично изгледаат како да доаѓаат од доверливи извори – како банки, државни институции, реномирани компании, но, имаат за цел да […]
______________________________________________________________________________________________________
16/01/2026 14:28
•
Posted by: MKD
Речиси 140 лица досега се пријавени за учество во традиционалното спуштање на крстот во Вардар во центарот на Скопје на 19 јануари на Богојавление – Водици, информира денеска за МИА отец Благоја од храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје. Пријавувањето за учество на манифестацијата „Водици 2026“ беше од 3 јануари до денеска зад соборниот […]
______________________________________________________________________________________________________
16/01/2026 14:26
•
Posted by: MKD
Премиерот Христијан Мицкоски информира дека во текот на вчерашниот ден во Собранието се одржал состанок на ниво на координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во врска со законот за прекршоци и оти некои работи, кои биле нејасни за ДУИ, биле разјаснети поради што очекува тој да биде донесен на следната собраниска седница и […]
______________________________________________________________________________________________________
16/01/2026 12:29
•
Posted by: MKD
Завршија првиот и вториот круг од локалните избори, заедно со повторените избори во неколку општини, а новогодишните украси сè уште го зрачат Скопје со посебно светло. Сепак, во (пост)новогодишната магија на центарот на главниот град, мегаборд на Орце Ѓорѓиевски – новиот градоначалник на Град Скопје сè уште е дел од градската панорама. Ова визуелно наследство […]
______________________________________________________________________________________________________
16/01/2026 12:29
•
Posted by: MKD
Спречен e обид за сериозен меѓународен криминал, при што запленети се девет пиштоли од кои пет со голема пробивна моќ, а едно лице, македонски државјанин, е лишено од слобода и се наоѓа во притвор. Како што соопштија од Царинската управа, делото е откриено во вторникот вечерта од страна на царински службеници на граничниот премин Богородица, […]
______________________________________________________________________________________________________
16/01/2026 12:19
•
Posted by: MKD
Судија на претходна постапка, по предлог на Обвинителство, определи мерки за претпазливост на девет лица во однос на вчерашната акција на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), а поврзана со вработени во Управата за јавни приходи (УЈП). Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека во однос на вчерашната акција на […]
______________________________________________________________________________________________________
16/01/2026 12:14
•
Posted by: MKD
Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната 51. седница ќе одржи јавна расправа по предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик е поднесен од пратениците Бојан Стојаноски, Љупчо Пренџов, Тони Јаревски, Бране Петрушевски, Драгана Бојковска, Дафина Стојаноска, Игор Здравковски, Лидија Петкоска и […]
______________________________________________________________________________________________________
14/01/2026 20:40
•
Posted by: MK News
На Клиниката за инфективни болести во Скопје почина 75-годишна пациентка како последица на компликации од грип. Според информациите од клиниката, жената имала повеќе хронични заболувања и не била вакцинирана против сезонски грип Директорот на Клиниката за инфективни болести, д-р Фадил Цана, потврди дека кај пациентката била дијагностицирана инфлуенца А. „Се работи за возрасна пациентка на […]
______________________________________________________________________________________________________
13/01/2026 15:39
•
Posted by: MKD
На 11 јануари 2026 година, граѓаните на четири општини – Гостивар, Врапчиште, Маврово-Ростуше и Центар Жупа излегоа на гласање на она што правно се нарекува „повторени избори“. Сепак, процесот на терен, наликуваше на сосема нов натпревар – со нови кандидатски играчи, нови правила за буџетско рекламирање и нов буџетски трошок. Иако правно дефинирани како повторени, […]
______________________________________________________________________________________________________
12/01/2026 15:48
•
Posted by: MK News
ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА ОД ПУШЕЊЕ В О В Е Д I. ОЦЕНА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДИ СО ЗАКОНОТ И ПРИЧИНИ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ Со Законот за заштита од пушење се уредува заштитата од штетните ефекти од пушењето на тутун и други производи што содржат тутун и никотин, […]
______________________________________________________________________________________________________
09/01/2026 21:47
•
Posted by: MK News
Македонија се подготвува за радикален пресврт во законот за забрана на пушење. Според новиот предлог-закон, забраната ќе важи во сите затворени јавни простори, а увозот и продажбата на тутунски и никотински производи ќе бидат драстично ограничени. Цигарите целосно ќе се тргнат од видното поле на купувачите во маркетите, овјави Телма. Законот е скроен и наскоро […]
______________________________________________________________________________________________________
08/01/2026 19:05
•
Posted by: MK News
Македонија се соочува со силен бран на грип, а бројките растат со вртоглава брзина. Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, предупредува дека пикот на вирусот се очекува во втората половина на овој месец и почетокот на февруари. Поради ова, Комисијата ја разгледува можноста за пролонгирање на почетокот на школската година. „Со враќањето на децата во училиште […]
______________________________________________________________________________________________________
17/12/2025 12:55
•
Posted by: MKD
Мегабордите, кои се распослани на станбени згради низ главниот град, формално се регулирани само преку Законот за градење и Правилникот за домување, но не и низ призмата на рамномерно политичко претставување преку Државната изборна комисија. Овој начин на рекламирање не подлежи на изборната ждрепка, не постојат ограничувања за процентуална распределба меѓу владејачки и опозициски партии. […]
______________________________________________________________________________________________________
15/12/2025 17:25
•
Posted by: MKD
Бенефити за граѓаните, бизнис секторот и туристичката индустрија се очекувањата од новата директна авиолинија Скопје-Прага на која од денеска сообраќа нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“. Ќе има летови секој понеделник, среда и петок. Во мрежата на дестинации на скопскиот аеродром од вечер дел ќе биде и рутата за Келн, со четири лета неделно на „Виз ер“, […]
______________________________________________________________________________________________________
15/12/2025 10:41
•
Posted by: MKD
Државната изборна комисија објави листа од 17 компании пријавени за рекламирање на билборди и паноа за локалните избори. Нивната проверка покажува дека поголемиот дел од нив немаат објавено ценовници, а некои ниту веб – страници. Има и фирми кои нудат и видео билборди, кои не се стриктно опфатени во Изборниот законик. Според член 78-а од […]
______________________________________________________________________________________________________
07/12/2025 22:11
•
Posted by: MKD
Претседателот на Украина Володимир Зеленски утре ќе отпатува во Лондон, каде ќе се сретне со британскиот премиер Кир Стармер, претседателот на Франција Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц, за разговори околу американскиот мировен план за Украина. Стармер на средбата со лидерите од Украина, Франција и Германија ќе разговара за продолжувањето на преговорите меѓу американските […]
______________________________________________________________________________________________________