25/10/2025 15:57
•
Posted by: MKD
Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат, бидејќи секој граѓанин си е здраворазумен, има право на гласање и има одговорност кому ќе го даде својот глас, порача кандидатката за градоначалничка на Општина Центар, Билјана Ивановска, за која изборната трка заврши во првиот круг, денеска, на прес-конференција заедно со избраните советници […]
______________________________________________________________________________________________________
25/10/2025 15:55
•
Posted by: MKD
Резултатите од првиот круг на локалните избори јасно покажуваат дека граѓаните го избрале ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата како своја опција, порача денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во општина Лозово во рамки на изборната кампања, повикувајќи ги граѓаните за поддршка во вториот круг од локалните избори. Мицкоски изрази поддршка за кандидатот и актуелен градоначалник на Лозово, […]
______________________________________________________________________________________________________
23/10/2025 12:26
•
Posted by: MKD
Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба. Кулминација на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание […]
______________________________________________________________________________________________________
23/10/2025 12:24
•
Posted by: MKD
Очајните обиди на поразената НАИ да ги преведе изборите од 19 октомври во „мандати за пратеници“ се доказ дека оваа коалиција не само што изгубила гласови, туку и контакт со реалноста, се наведува во соопштението од ВРЕДИ. „Ова беа локални избори. И токму тука Албанците проговорија појасно од кога било, тие избраа промени, тие избраа […]
______________________________________________________________________________________________________
23/10/2025 12:21
•
Posted by: MKD
Летното сметање на времето завршува в недела, на 26 октомври 2025 година, а почнува зимското сметање. Ноќта, саботата спрема неделата, на 25 и 26 октомври, во 03:00 по полноќ, стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот. Министерството за енергетика, рударство и минерални […]
______________________________________________________________________________________________________
23/10/2025 12:18
•
Posted by: MKD
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека се лишени од слобода 11 лица за лихварство и перење пари, додека по едно лице се уште се трага. -МВР до ОЈО за ГОКК поднесена кривична пријава против Б.К.(35) кој во моментов е недостапен за органите на прогонот и против веќе лишените од слобода Љ.Љ.(29), Д.В.(29), А.Т. (29), […]
______________________________________________________________________________________________________
21/10/2025 18:00
•
Posted by: MK News
Обединетото Кралство се сериозно посветени на реализација на Договорот Влада со Влада, рече вицепремиерот Александар Николоски по средбата со министерот за бизнис и трговија од Обединетото Кралство, Сер Крис Брајан. На средбата присуствуваа и министерката за финансии, Гордана Кочоска Димитриеска и министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски. Николоски најави голем број средби со […]
______________________________________________________________________________________________________
21/10/2025 14:25
•
Posted by: MK News
„ВМРО-ДПМНЕ покрај огромниот успех на избрани 33 градоначалници уште во првиот круг, има огромен успех на советничките листи со 550 избрани советници во советите на општините и градот Скопје“, вели Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и додава: 550 советнички места за ВМРО-ДПМНЕ наспроти 232 за СДС, 153 за ДУИ, 66 за Левица се доказ дека […]
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2025 22:59
•
Posted by: MK News
Државната изборна комисија на вечерната седница соопшти дека во четири општини ќе се одржи прегласување поради тоа што не е исполнет цензусот на излезност. Прегласувањето ќе се одржи во општините Врапчиште, Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Гостивар. Според податоците од првиот круг на гласање, излезноста во овие општини беше релативно ниска: Врапчиште – 25,18%Маврово […]
______________________________________________________________________________________________________
19/10/2025 20:28
•
Posted by: MK News
Во 19 часот се затворија избирачките места на кои граѓаните денеска гласаа на осмите локални избори од осамостојувањето на државата, четврти по ред на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Партиите почнаа да ги бројат гласовите. Ова се првичните резултати за градоначалници според податоците на владејачката ВМРО-ДПМНЕ: Гази […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2025 10:42
•
Posted by: MK News
Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола почна дистрибуцијата на доверливиот материјал до Општинските изборни комисии за гласањето на Локалните избори 2025 в недела. ЕКО ЛОГИСТИК СЕРВИС Најголемата приватна пошта е задолжена да го дистрибуира доверливиот материјал за локалните избори Од компанијата информира дека дистрибуцијата започна навремено, со посебен фокус на безбедност, брзина и сигурност во […]
______________________________________________________________________________________________________
12/10/2025 09:17
•
Posted by: MK News
ЕУ воведе нов систем за контрола на граничните премини за граѓаните на земјите надвор од Шенген зоната,. Тоа значи дека по Балканот би можело да предизвика застој на границите со Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, Бугарија, Грција Италија. Ова го означува почетокот на Системот за влез/излез (EES) на Европската Унија, кој дигитално ги евидентира податоците […]
______________________________________________________________________________________________________
11/10/2025 17:18
•
Posted by: MK News
Од утре, ќе има мирни јавни собири и блокади на кружниот тек кај двојниот мостот на улицата „Стево Теодосиевски“ во Кочани. Блокадите ќе траат по еден час секој ден, во периодот од 15:15 до 16:15 часот, се додека не започне судењето Ова го најавија родителите на загинатите во пожарот во „Пулс“ од 16 март, од […]
______________________________________________________________________________________________________
10/10/2025 20:12
•
Posted by: MK News
На социјалната мрежа Икс денеска се појави видео на кое се гледа директорот на Клиниката за неврологија, Игор Кузмановски, како зборува за консумација на дрога. Инаку, Кузмановски на директорската позиција беше поставен во авгсут годинава. На видеото, Кузмановски меша бела прашкаста материја во чинија, зборува за неа со асоцијација за кокаин и разговара со друго […]
______________________________________________________________________________________________________
10/10/2025 19:12
•
Posted by: MKD
Во август годинава издададени се 280 одобренија за градење, за 1.8 проценти повеќе во однос на август лани. Најмногу одобренија за градење, 179, се за високоградба. Југоисточниот е регионот со најмногу одобренија за градење во август, 61, по што следуваат Полошкиот со 60 и Скопскиот со 46. За изградба се предвидени 646 станови, покажуваат денеска […]
______________________________________________________________________________________________________
03/10/2025 17:05
•
Posted by: MKD
Судијката Диана Груевска Илиевска ќе го води судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, соопштија денеска од Основниот кривичен суд Скопје. -Согласно АКМИС – системот е распределен на понатамошно постапување кај судијата Диана Груевска Илиевска од одделот Кривично полнолетни. Станува збор за судија со 19 – годишен судиски стаж во сите оддели на […]
______________________________________________________________________________________________________
03/10/2025 17:00
•
Posted by: MKD
Исплатена нова транша од 1,2 милијарди денари (19,4 милиони евра) од централниот Буџет кон Развојната банка, средства кои се наменети за поддршка на инвестициските проекти на домашните компании. Оваа финансиска поддршка е обезбедена по поволни услови преку унгарскиот заем, соопшти Министерството за финансии. Со оваа исплата, вкупната сума од 190,5 милиони евра веќе е трансферирана […]
______________________________________________________________________________________________________
03/10/2025 16:57
•
Posted by: MKD
Правиме сè за да ја подобриме поврзаноста со соседите, преку регионална соработка, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, говорејќи на панел-дискусија за енергетската транзиција и карбон неутралноста на конференцијата „Circular Gaia Symposium“ во Атина, презентирајќи ги проектите, иницијативите и приоритетите на нашата земја во енергетскиот сектор, јави дописничката на МИА од […]
______________________________________________________________________________________________________