Tag Archives: s1

Мицкоски и Мацут разговараа за гасно и коридорско поврзување меѓу Македонија и Србија

Гасното и коридорското поврзување меѓу Македонија и Србија, е темата на која премиерот Христијан Мицкоски разговарал на денешната средба со премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут кој престојува во официјална посета на нашата земја. -Разговаравме за гасно и коридорско поврзување, како и за унапредување на економската соработка меѓу двете држави. Уверени сме дека заедничките проекти […]

______________________________________________________________________________________________________

УНИЦЕФ: Децата да бидат на прво место за време на локалните избори

Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје денеска испрати порака – децата да бидат на прво место за време на претстојните локални избори. Како што наведува во соопштението, овие избори се можност за храбри и трансформативни заложби што ќе му помогнат на секое дете да напредува и да го достигне својот целосен потенцијал. УНИЦЕФ истакнува седум приоритети […]

______________________________________________________________________________________________________

Поради неисплатен долг од ЈСП, приватните превозници во Скопје од понеделник ќе возат само од 5 до 10 часот

До понеделник 6 октомври 2025  година доколку не биде исплатен долгот кон приватните превозници во Град Скопје, нивниот возен ред ќе биде намален за 70 проценти. Тие ќе возат само прва смена од 5 до 10 часот, соопшти денеска  опственикот на Јофи Бус, Јовица Зафировски. Приватните превозници Јофи Бус, Вестор Транс, Радос Компани кои сообраќаат […]

______________________________________________________________________________________________________

Петти ден кампања за локални избори – кандидатите за градоначалници со програмите меѓу народот

Продолжува претставувањето на програмите на кандидатите за локалните избори низ државата и денеска, на петтиот ден од кампањата. ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Новаци од 17 часот, Могила од 18:30 и во Битола од 20:30 часот. Караванот на СДСМ и Коалицијата ќе биде во Дебарца и Вевчани во 17:30 часот, Струга во 18:30, а митингот […]

______________________________________________________________________________________________________

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје – доаѓа српскиот премиер Ѓуро Мацут

Од утре петок, 3.10.2025  до сабота, 4.10.2025 година во официјална посета на Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут. Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје, информира полицијата МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите […]

______________________________________________________________________________________________________

Дигитален самит на Западен Балкан 2025 во Скопје: Регионот презема смели чекори кон дигитално интегрирана иднина

Денес во Скопје се отвори седмото издание на Дигиталниот самит на Западен Балкан (ДСЗБ), коорганизиран од Владата на Северна Македонија и Советот за регионална соработка (СРС), со што се потврдува заложбата на регионот за дигитална трансформација, соработка и европска интеграција. Како што се наведува во соопштението од Советот за регионална соработка (СРС), што МИА го […]

______________________________________________________________________________________________________

Алиу: Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе има најмодерен паркинг во Македонија

Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе има најмодерен паркинг во Македонија. Освен цела инфраструктура базирана на „смарт паркинг“, ќе располага и со монтажна катна гаража, рече вечерва министерот за здравство Азир Алиу. Во гостување на „Само интервју“, Алиу информира и дека со спојувањето на клиниките во рамки на Клиничкиот центар ќе се оди чекор по чекор. […]

______________________________________________________________________________________________________

Филипче: За четири години локална власт и година и пол централна власт, ВМРО-ДПМНЕ нема ниту една своја инвестиција

За четири години локална власт и година и пол централна власт, ВМРО-ДПМНЕ нема ниту една своја инвестиција, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче на граѓанската трибина „Се бориме за насшиот дом“, што се одржа во скопската општина Кисела Вода. „Гледам дека Мицкоски сака да кажува басни на митинзите. А зошто раскажува басни? Затоа што тој […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски најави 100 милиони евра во инфраструктурни проекти за Кочани и регионот

Инвестиции во проекти од инфраструктурата за Кочани во вредност од 100 милиони евра, најави премиерот и лидер на ВМРО –ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од трибината „Иднина за Кочани“ што се одржа попладнево во Мулти-културниот центар. „Со нашите меѓународни партнери работиме надвор од тековните трансфери што ги финансира централниот буџет за капитаални инвестиции во општините, само за […]

______________________________________________________________________________________________________

Цигарите поскапуваат за 10 денари

Од 29 септември, цените на цигарите во земјава зголемија за околу 10 денари по пакување, но поради постоечки залихи од претходната цена, потрошувачите засега не го чувствуваат целосното поскапување. Производителите најавуваат дека во наредните денови ќе следи целосен пренос на новата цена до продажните места, што ќе значи „ценовен шок“ за пушачите. Поскапувањето се однесува […]

______________________________________________________________________________________________________

Божиновска на „Јас сум жена“: Нашата визија е јасна – да произведуваме доволно енергија за сопствени потреби

Да се гради институција од почеток е искуство што многу личи на градење куќа. Прво треба да поставите здрави темели – визија, структура и луѓе кои веруваат во таа визија. Потоа ги кревате ѕидовите – процеси и тимови кои ќе функционираат ефикасно и транспарентно. Но најважно е покривот – вредностите што ќе ја заштитат и […]

______________________________________________________________________________________________________

Започна кампањата за локалните избори – ќе трае до 19 октомври

Прв ден од дваесетдневната изборна кампања за Локалните избори 2025 закажани за 19 октомври. Партиите и коалициите почнуваат со официјалните изборни активности.  Изборната кампања започна на полноќ и ќе трае дваесет дена односно до 17 октомври на полноќ, по што настапува 24-часовен молк пред изборите на 19 октомври. Вториот круг на изборите ќе се одржи […]

______________________________________________________________________________________________________

Од вечерва на полноќ почнува кампањата за локалните избори

Од денеска на полноќ почнува 20-дневната кампања за Локалните избори 2025 што ќе се одржат на 19 октомври (втор круг на 2 ноември). Локалните избори на 19 октомври годинава ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. На Локалните избори […]

______________________________________________________________________________________________________

Денеска МПЦ ќе го освети храмот „Свети Константин и Елена“

По 13 години од почетокот на изградбата, денеска ќе биде осветен храмот посветен на светите цар Константин и царица Елена на улица „Македонија“ во центарот на Скопје. Осветувањето ќе го изврши архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со бројни архијереи од МПЦ-ОА со почеток во 08:30 часот. Од МПЦ-ОА ги повикаа верниците […]

______________________________________________________________________________________________________

Министерката Божиновска говорничка на Конференцијата „Јас сум жена“

Четврта глобална лидерска конференција „Јас сум жена“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Здружението за вмрежување на жени, едуцирање и истражување „Јас сум жена“. Конференцијата е поделена на пет панел-дискусии и тоа: Македонки во рурални средини, Македонки во нетипични професии, Македонки во енергетика, Македонки во светот, Мајките за Македонија и Мајките за […]

______________________________________________________________________________________________________

Сиљановска-Давкова за злонамерните написи: Фотографијата со Доналд и Меланија Трамп е автентична

Фотографијата објавена на моите официјални профили на социјалните мрежи, на којашто сум заедно со претседателот на САД, Доналд Трамп, е автентична и направена во Њујорк за време на свечениот традиционален прием организиран од претседателот Трамп и неговата сопруга, Меланија Трамп, реагираше претседателката на државата Гордана Силјановска – Давкова. – Написите на одредени медиуми дека станува […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ ќе се емитува во САД, Австралија и низ Европа

Македонскиот игран филм „Диџеј Ахмет“ наскоро ќе биде емитуван во кино сали во САД, Канада, Австралија и низ Европа, информираа од тимот кој беше претставен во фестивалскиот прес центар на ИФФК „Браќа Манаки“. Со филмот „Диџеј Ахмет“ вечер завршува натпреварувачкиот дел на фестивалот, а на 1 октомври ќе има македонските кино сали. -Снимавме на различни […]

______________________________________________________________________________________________________

БИРН: Богати Руси под санкции добиваат српско државјанство

Пет руски државјани добија државјанство со одлука на српската влада, иако во тоа време беа под санкции од одредени западни земји, открива БИРН. Според медиумот, од особен интерес е случајот со олигархот Олег Бојко, кого Полска го сомничи за перење пари и соработка со руските безбедносни служби. Српската влада досега не одговорила зошто е во […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1