03/11/2019 15:37
•
Posted by: MK News
Иако низ медиумите проструи веста дека куќата на екс кандидатот за градоначалник на Карбинци, на земјоделецот Ристе Бањоглав од Карбинициму ја вратиле извршителите, оваа информација не е точна тврдат од хуманитарната организација Св Спас. еве што велат во објавата на фејсбук ,,Минатата вечер го објавивме случајот на нашиот брат Ристе кој, заедно со своите две […]
______________________________________________________________________________________________________
31/10/2019 16:13
•
Posted by: MK News
Штитениците во Воспитно-поправниот дом (ВП Дом) „Тетово“, живеат дрогирани со седативи 24 часа на ден, алармира заменикот на Народниот правобранител Васка Бајрамовска – Мустафа. Иако најголемиот дел од 16 -те штитеници се деца, им се дава доза од пет до 20 милиграми од овие антидепресиви, објавува СДК. „Од увид во медицинските досиеја при посетата во јули, […]
______________________________________________________________________________________________________
30/10/2019 14:39
•
Posted by: MK News
Рокот на важење на возачката дозвола за повозрасните возачи се продолжува од 70 на 75 години, а се предвидува и мерка времено одземање на возило кое предизвикува голема бучава и го нарушува јавниот ред и мир на граѓаните, како и за возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола од шест или повеќе месеци. […]
______________________________________________________________________________________________________
25/10/2019 13:57
•
Posted by: MK News
Почнувајќи некаде од средината на следната недела и тоа од северот на Балканскиот Полуостров, ќе започне влијанието на новиот циклон кој е во најава. Циклонот Луцијан ќе ја погоди и Македонија, информира метеорологот Славчо Попоски. Истиот ќе донесе врнежи од дожд, снег на планините, голем пад на температурите и ветер. Снежната граница ширум регионот можно […]
______________________________________________________________________________________________________
24/10/2019 16:06
•
Posted by: MK News
Во ладилник и без воздух, 39 мигранти немале шанси да преживеат. Тие не можеле да се спасат и никој не можел да ги слушне нивните повици за помош, пишуваат медиумите за случајот што беше обелоденет вчера, кога во приколката на товарното возило во Есекс, Англија, беа пронајдени 39 безживотни тела. „Дејли меил“ пишува дека 38 […]
______________________________________________________________________________________________________
24/10/2019 15:58
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев попладнево во Основниот кривичен суд во Скопје сведочи на судењето за незаконското следење на комуникациите „Таргет Тврдина“. – Како претседател на СДСМ, Зоран Верушевски ме информираше дека партијата располага со документи и материјали од типот на незаконско следење на комуникациите, кажа Заев на денешното рочиште. Одговарајќи на прашање од обвинителството, кога дознал […]
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2019 15:52
•
Posted by: MK News
Во периодот од 2018 и 2019 година, Бојан Јовановски, осомничен во аферата „Рекет“, во Бирото за индустриска сопственост се обидел и делумно успеал да заштити дури 16 трговски марки, објави „Плусинфо“. Но, тоа не би било ништо необично, доколку меѓу тие трговски марки не е и Северно Македонска Пошта. Трговската марка не е регистрирана, но апликацијата […]
______________________________________________________________________________________________________
19/10/2019 10:00
•
Posted by: MK News
Откако стана јасно дека Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите повторно се актуелизира содржината на Договорот од Преспа и обврските кои произлегуваат од него. Конкретно, тоа се однесува на она што ние треба да исполниме со почетокот на преговорите и отворањето на поглавјата, пишува PRESSINGTV.MK Со потпишувањето на Договорот, двете страни се […]
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2019 15:09
•
Posted by: MK News
Македонскиот премиер Зоран Заев сериозно размислува да си поднесе оставка откако веќе е речиси сигурно дека нема никакви шанси земјава да добие датум за преговори со Европската унија на самитот на шефови на земјите-членки што завршува денеска, брифираат дипломатски извори за Фокус. Според нив, Заев бил крајно разочаран од негативниот епилог во Брисел, кој, според […]
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2019 15:02
•
Posted by: MK News
Престедателот на Европскиот совет Доналд Туск на самиот почеток од прес конференција на крајот од самитот на ЕУ лидерите рече дека немало согласнот меѓу лидерите за Северна Македонија и Албанија да добијат датум за почеток на преговорите со ЕУ. Останува одлуката да биде донесена за време на хрватското претседателствување со ЕУ, во мај 2020 –година. […]
______________________________________________________________________________________________________
10/10/2019 21:37
•
Posted by: MK News
Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева денеска е задржана во клиниката „Жан Митрев“ на понатамошно следење, како пациент во сомнителна прединфарктна состојба, изјави нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска. Здравствената состојба на Јанева, според Фрчкоска, е лоша и таа се жали на висок притисок и општа анксиозност. Јанева претходно ја примаше соодветната терапија во затворската амбуланта, а […]
______________________________________________________________________________________________________
10/10/2019 21:30
•
Posted by: MK News
Полиција и просветни инспектори биле повикани утрово во основното училиште „Блаже Конески“ во Велес откако родители на невакцинирано првче одбиле да си го земат детето дома, дознава „А1он“. Мајката на детето за „А1он“ вели дека од вчера има забранет пристап во училиштето, бидејќи одбивала да престане да го носи детето на училиште, а вчера обезбедувањето […]
______________________________________________________________________________________________________
10/10/2019 15:11
•
Posted by: MK News
Пратеничката Фросина Ременски во Кривичниот суд се произнесе пред судија на претходна постапка во врска со случајот „Рекет“. По еден час распит во Кривичниот суд осомничената пратеничка Фросина Ременски изјави дека не чувстува вина за проширената истрага за Рекет. По распитот таа изјави дека ќе соработува со обвинителството за целосно расчистување на случајот но дека […]
______________________________________________________________________________________________________
09/10/2019 14:19
•
Posted by: MK News
Покрај пратеничката Фросина Ташевска Ременски, осомничени во новата истрага на Обвинителството за организиран криминал и корупција се и Јасна Мандиќ, заменик-претседател на Меѓународниот сојуз, и Миле Јовановски, таткото на Боки 13, како и асистентката на Мандиќ, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори од обвинителството. Според инфомрации на Телма од обвинителството првоосомничен во проширената истрага за измама и […]
______________________________________________________________________________________________________
09/10/2019 13:36
•
Posted by: MK News
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет физички лица и едно правно лице, поради постоење на основано сомнение дека првоосомничениот сторил продолжено кривично дело „Измама“ предвидено и казниво по член 247 став 4 во врска со член 45 […]
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2019 19:48
•
Posted by: MK News
Италијанскиот пензионер Џузепе Рамонино почина во болницата во Монкалиери, во близина на Торино, по 23-часовно чекање на преглед, што било снимено и од надзорните камери. Адвокатот на неговото семејство Габриел Ровет изјави дека иако не знае дали починатиот би можел да биде спасен, вработените во болницата секако не дадоа соодветна помош. Пензионер од Ла Лоџ, […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2019 13:40
•
Posted by: MK News
Во градинката „Весели цветови“, односно во клонот „Кокиче“, се појави опасната бактерија МРСА Кај едно дете и воспитувачка во градинката „Весели цветови“ во Кисела Вода е изолирана бактеријата МРСА (Methicillin-resistant Staphylococcus aureus), потврдуваат во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ). Родители на деца што го посетуваат клонот „Кокиче“ се загрижени, но таму денеска вообичаено се примаат […]
______________________________________________________________________________________________________
03/10/2019 21:45
•
Posted by: MK News
Нападнатото момче попладнево во скопски Карпош имало 19 години. Слободен печат јавува дека се работи за 19-годишниот Ф.В. кој брутално бил нападнат. – Околу 17.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Шекспирова“ во Скопје, Ф.В. бил физички нападнат од страна на едно лице со тврд предмет. Ф.В. е пренесен во Ургентиот центар […]
______________________________________________________________________________________________________