Tag Archives: s2

Директорката нa Kожна клиника комуницирала со вработени, ќе се затвора цел оддел

Колешката одела редовно на работа. Земејки го предвид овој факт, исклучително со големо внимание постапуваме со мерките што ги преземаме на Клиниката на кожни болести. Епидемиолози од Институтот за јавно здравје прават проценка на степенот на ризик, на вработените и на пациентите. Можно е согласно одлуката на епидемиолозите, одделот да се затвори целосно. Пациентите кои […]

______________________________________________________________________________________________________

Филипче потврди: Директорката на Клиниката за кожни болести е заразена со корона вирус

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција соопшти дека директорката на Клиниката за кожни болести е заразена од корона вирусот. -Пациентката е жена лекар, која допатувала од Италија, директорка на Клиниката за кожни болести, изминатите 5 работни дена одела редовно на работа. Добро е што колешката не била изминатите денови во амбуланта, рече Филипче […]

______________________________________________________________________________________________________

АВМУ: Затворските казни за новинари може да доведат до автоцензура

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува загриженост во врска со шестмесечната условна затворска казна за главниот и одговорен уредник на „Инфомакс“, Александар Митовски поради оддавање службена тајна. -Изрекувањето затворски казни за новинари кои информираат за теми од висок јавен интерес може да доведе до појава на автоцензура, а со тоа и до нарушување […]

______________________________________________________________________________________________________

Вонредна контрола во аптеките, ќе одговараат ако ги покачиле цените на маските и средствата за дезинфекција

Строгите епидемиолошки критериуми за откажување на јавни собири се однесуваат само на двата карневали во Струмица и Прилеп, како и за спортските натпревари кои треба да се играат без публика. За театарски претстави и други настани на кои нема луѓе од странство рече дека нема потреба да се одложуваат, кажа денеска Венко Филипче на пресконференцијата […]

______________________________________________________________________________________________________

Идентификувани сите патници кои биле со заразената – вечерва ќе останат дома со полициски надзор

Министерот Филипче информираше дека сите патници со кои патувала жената заразена со корона вирус се идентификувани и се тестирани. Сите тие ќе останат дома сè додека не се дознаат резултатите. Заболената пациентка е во добра здравствена состојба и е сместена на Инфективна, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче на вечерашната прес-конференција, посочувајќи дека таа има […]

______________________________________________________________________________________________________

Филипче: Во Македонија е регистриран првиот заразен коронавирус (видео)

Две недели болна македонка е првата личност која е позитивна на коронавирусот, предмалку соопшти Венко Филипче, министер за здравство. Македонката пред неколку дена пристигнала од Италија каде што била на одмор кај свои блиски повеќе од еден месец. Заразената била болна во Италија и таму се лекувала, но не била тестирана од коронавирусот. Жената со […]

______________________________________________________________________________________________________

16-години од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

Денес се навршуваат 16 години од смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина на 26-ти февруари 2004 година во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар. По повод одбележувањето на 16-годишнината од загинувањето на поранешниот претседател Борис Трајковски и членовите на делегацијата во авионската несреќа крај Мостар, Босна и Херцеговина, делегации од […]

______________________________________________________________________________________________________

ВНИМАВАЈТЕ: Повици од неидентификувани броеви од странство

Дојдовни повици од неидентификувани броеви од странство кон повеќе корисници во државава се регистрирани од изутринава. За повиците граѓаните споделуваат на социјалните мрежи, изразуваат загриженост и меѓусебно се предупредуваат да не одговараат на повиците. Од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), регулаторното тело во телекомуникациската област, најавија дека наскоро ќе објават соопштение со насоки до граѓаните, […]

______________________________________________________________________________________________________

Нова пресуда на Судот во Стразбур против Македонија – МВР незаконски земала и чувала ДНК

Пресуда со која се утврди дека начинот на кој полицијата собира, обработува и чува ДНК материјал не е во согласност со членот 8 (правото на приватен и семеен живот) од Европската Конвенција за човековите слободи и права донесе вчера (13.02.2020) Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП). Пресудата се однесува на случај од 2013 година кога […]

______________________________________________________________________________________________________

Јанева кон Боки 13: Јас се држам под контрола

„Јас се држам под контрола“, се вели во една од снимките, кои беа денеска пуштени во судницата, а на која се слуша екс специјалната обвинителка Катица Јанева како зборува со првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски. Во разговорот Боки 13 зборува за враќањето на патната исправа на Камчев. Во друг разговор, се слуша како бизнисменот […]

______________________________________________________________________________________________________

Боки 13 барал прием кај Заев, тој му одговорил „ги видов доказите, ова е чист рекет”

На денешното рочиште за „Рекет” на кое беа презентирани материјални докази од страна на Обвинителството беше презентирана и комуникација помеѓу поранешниот премиер Зоран Заев и обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13. Обвинетиот Јовановски го молел поранешниот премиер Заев, да го прими на состанок. Во комуникацијата остварена во февруари 2019 година, обвинетиот Јовановски му пишувал на […]

______________________________________________________________________________________________________

Познат е човекот кој e одговорен за ширење на коронавирусот низ Европа

Британецот, кој е осомничен од здравствените служби за главен проширувач на коронавирусот низ Европа , е бизнисменот Стив Волш (53). На 6 февруари, тој бил позитивно тестиран на коронавирус , откако претходно бил на деловна конференција во Сингапур. Пред да се врати во Велика Британија, тој отишол на скијање на француските Алпи неколку дена. Се […]

______________________________________________________________________________________________________

МНР: Тројца Македонци се на крузерот кој е под карантин поради коронавирусот

Потврдено е присуство на тројца наши државјани на бродот кој е задржан близу Јокохама, Јапонија, поради присуството на заразени лица од коронавирусот, соопшти Министерството за надворешни работи по информации добиени од Јапонското МНР. Како што се наведува во соопштението, досега на бродот се потврдени 20 лица кај кои е пронајден овој вирус. Од Министерството за […]

______________________________________________________________________________________________________

Работниот стаж ќе може да се откупи – до пензија со 1.400 денари за еден месец

Сите граѓани на кои им фали работен стаж за да добијат пензија, ќе можат да го откупат. Собранието усвои закон и се очекува овие денови да излезе во службен весник, а со тоа и да стапи во сила. Од Пензиско – инвалидскиот фонд информираат дека околу 60 илјади лица ја чекале оваа можност, пренесува ТВ21. […]

______________________________________________________________________________________________________

Туџаров: Нашиот канабис е со најдобар квалитет во светот

ашиот канабис е со најдобар квалитет во светот. Македонските производители создадоа цвет со 18 проценти CBD, тоа е светски рекорд. Светски рекорд имаме и во производство на 25 процентно THC. Tоа никој не го знае. Треба да се извезува, а виновни што не се извезува се тие кои ние сме ги избрале. Веднаш треба да […]

______________________________________________________________________________________________________

Коронавирусот зема замав во светот – Почитувајте ги овие мерки за превенција

Граѓаните треба во целост да ги следат и да ги почитуваат мерките за превенција од коронавирусот, според кои, треба да се воведе дополнителна заштита на храната – да не се консумира храна направена од болни животни, да се воведе дополнителна заштита при подготовка на храната – да се користат различни садови и ножеви за подготовка […]

______________________________________________________________________________________________________

Млад скопјанец почина од маларија: Се вратил од Гана, по што му се влошила здравствената состојба

Триесет и петгодишен скопјанец, кој се заразил со маларија најверојатно на службен пат во Гана, бил примен во крајно тешка здравствена состојба на Универзитетската клиника за инфективни болести во Скопје, по што во текот на вчерашниот ден починал. Од Клиниката за МИА велат дека тој се заразил со болеста најверојатно на службен пат во Гана. […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР со детали – Има приведени за драмата во Сити Мол

Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при МВР денеска приведоа две лица во врска со лажната дојава за бомба во трговскиот центар Сити мол во Скопје. МВР соопшти дека се приведени се П.Ц. (19) и А.Д. (19) и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. Поладнево беше извршена евакуација во Трговскиот центар […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1