22/04/2019 12:32
•
Posted by: MK News
Крваво убиство ја потресе македонската јавност кога синоќа во 22 часот и 40 минути биле убиени две лица во автомобил во Слупчане. Телма дознава дека станува збор за Ахид Салахи од село Опае на возраст од 47 години и неговиот 9-годишен син Амар С. Телата на таткото и синот биле пронајдени во атараот на Слупчане, […]
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2019 20:20
•
Posted by: MK News
Во Македонија денеска се одржа првиот круг од шестите претседателски избори. Блерим Река, Гордана Силјановска Давкова или Стево Пендаровски? Резултатите може да ги следите во живо на веб-страницата на ДИК.
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2019 11:28
•
Posted by: MK News
Пејачот Влатко Илиевски кој беше пронајден мртов во својот автомобил починал од огромна количина наркотични средства. Ова е дел од извештајот на судска медицина за извршената обудкција во кој е наведена причината за смртта, пишува порталот Досие. Според извештајот во крвта и организмот на Илиевски биле најдени јаки опојни дроги од кои најсилна кокаин. Но исто […]
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2019 11:19
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев и претседателот Ѓорѓе Иванов заедно ќе го пречекаат Папата Франциск на скопскиот аеродром при неговата еднодневна посета на Македонија. Последните информации велат дека поглаварот на Римокатоличката црква ќе биде примен само во претседателската резиденција на Иванов на Водно, а таму ќе биде и премиерот Заев. Франциск треба да слета во 8:30 часот […]
______________________________________________________________________________________________________
18/04/2019 14:51
•
Posted by: MK News
Жулијен Ле Бра, сопственик на мала занаетчиска компанија Le Bras Freres е првиот осомничен за избувнувањето на големиот пожар во Нотр Дам. Пожарот избувнал во покровна празнина на врвот на кулата , што се урна подоцна, а реставраторите користеле електричен алат. Ги оставиле алатите меѓу 17 и 17.30 часот , а пожарот избувнал околу еден […]
______________________________________________________________________________________________________
15/04/2019 23:31
•
Posted by: MK News
Како последица на пожарот кој ја зафати историската „Нотр Дам„ во Париз вечерва се урна и кулата во катедралата. Ужасни фотографии го обиколуваат светот! Голем пожар во 18:50 часот избувна вечерва во најпознатата катедрала во Париз „Нотр Дам. Портпаролот на катедралата, Андре Фино, потврди дека целата структура на катедралата е во пламен. Од полициските служби […]
______________________________________________________________________________________________________
15/04/2019 14:03
•
Posted by: MK News
Марко и Марија, синот и ќерката на Мирјана и Слободан Милошевиќ. не дозволуваат нивната мајка да биде погребана во Србија. Мирјана Марковиќ, сопруга на поранешниот претседател на Србија и Југославија, Слободан Милошевиќ, починала вчера во Москва, во болница каде се лекувала скоро еден месец. Времето и местото за погреб не се познати, но постои нодоумица […]
______________________________________________________________________________________________________
15/04/2019 13:47
•
Posted by: MK News
Асанж се наоѓа во британската верзија на американскиот затвор за терористи Гвантанамо, во услови многу полоши од тоа на што се жалеше во еквадорската амбасада, вели Блумберг. Џулијан Асанж, поради недостиг од пристап до интернет и медицинска нега, и неможност да излезе надвор, како неподносливи ги процени условите во амбасадата на Еквадор. Престојот во амбасадата […]
______________________________________________________________________________________________________
15/04/2019 13:37
•
Posted by: MK News
Утринава во експозитурата Чаир на НЛБ Банка се случи вооружен грабеж. Клиентите кои се затекнаа во нашата експозитура и вработените на Банката се безбедни и во добра состојба, соопштија од НЛБ Банка. Од таму додаваат дека во овој момент, Банката соработува со надлежните органи за најбрзо и ефикасно решавање на случајот. -Средствата на нашите клиенти […]
______________________________________________________________________________________________________
11/04/2019 12:10
•
Posted by: MK News
Војникот што бил на стража, постапувајќи според пропишаните процедури и постапки, рано изутрината во 2:53 часот спречил обид за насилен влез во кругот на касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, информира Министерството за одбрана. Војникот повеќе пати вербално го предупредил лицето, но откако се оглушило на предупредувањата, стражарот испукал два предупредувачки истрела во воздух. -Лицето и […]
______________________________________________________________________________________________________
09/04/2019 13:36
•
Posted by: MK News
Од почетокот на 2020 година на банкнотите од по 500 денари ќе биде напишано новото име на Народна банка, а во втората половина на следната година ќе бидат заменети хартиените 10-денарки со официјалниот назив. Од Народната банка велат дека пуштањето во оптек нема да создаде дополнителен трошок и ќе се прави на редовна основа, но […]
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2019 13:40
•
Posted by: MK News
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи и со лекари по судска медицина синоќа изврши увид на лице место во стан во Скопје, каде беше пронајдено починато женско лице. Безживотното тело на починатата го пронашол нејзиниот сопруг, кој ја известил полицијата. Телото на починатата е […]
______________________________________________________________________________________________________
04/04/2019 17:50
•
Posted by: MK News
Телата на загинатите од авионската несреќа кај Солунска Глава се изгорени и во нив не се најдени документи, пренесува бугарскаНова тв. Според информациите загинатите не можат да бидат распознаени и треба да се земе ДНК од нивни блиски. Георги, Гергана, Билјана и Калина Бошнакови се четирите жртви во вчерашната авионска несреќа кај Солунска глава. Се […]
______________________________________________________________________________________________________
03/04/2019 15:52
•
Posted by: MK News
Адвокатката Калина Корнажева Бошнакова, која вчера загина со своето семејство во авионската несреќа на Солунска глава, е од познато адвокатско семејство во Бугарија, пишува бугарски Блиц. Тие ја истражуваат нејзината родова карта и дошле до сознание дека нејзиното семејство потекнува од Габрово и е во роднинска врска со поранешната бразилска претседателка, Дилма Русеф, која, како […]
______________________________________________________________________________________________________
03/04/2019 15:36
•
Posted by: MK News
Потпаролот на Владата Миле Бошњаковски одговарајќи на новинарско прашање кои споменици ќе бидат преименувани и означени како споменици од античка Грција, рече дека ќе биде формирана комисија која ќе има шест месеци за да утврди кои споменици од античка Македонија ќе се преименуваат и ќе бидат дел од хеленската историја. Комисија ќе изврши контрола на […]
______________________________________________________________________________________________________
30/03/2019 14:41
•
Posted by: MK News
Голем пожар ја зафати и Македонска Каменица. Дирекцијата за заштита и спасување и денес ангажираше свои воздухоплови од Одделението за специјализирани услуги и со тоа го локализираше и стави под контрола и овој пожар. Со тоа потребата за евакуација на населението е надмината, бидејќи постоеше опасност пламени јазици да зафатат и дел од куќите во […]
______________________________________________________________________________________________________
28/03/2019 13:44
•
Posted by: MK News
Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, по денешната средба со премиерот Заев и министерката за правда, Рената Дескоска, го кажа својот став околу законот за Јавно обвинителство. – „На средбата зборувавме околу актуелната ситуација за СЈО, поточно законот за Јавно обвинителство, кој за цел има да се инкорпорира внатре во овој закон. Ние како […]
______________________________________________________________________________________________________
27/03/2019 19:48
•
Posted by: MK News
Освен што може да биде избркана од АРМ поради нарушување на угледот на Армијата, војникот Татјана Лазаровска можно е и кривично да биде гонета за говор на омраза откако од нејзиниот Фејсбук побара Нобелова награда на напаѓачот од Нов Зеланд, кој во терористички напад уби 50. лица. Според информации од МВР, за Лазаровска се постапува […]
______________________________________________________________________________________________________