16/11/2021 12:32
•
Posted by: MK News
Пред земјите од Западен Балкан претстојат сериозни предизвици, но мораме да покажеме мудрост и зрелост која ќе рефлектира визија и перспектива на регионот, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за денешниот број на белградскиот весник „Политика“. – Верувам во нова заедничка иднина и заеднички патриотизам кој ќе не обедини во решавањето на заедничките […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2021 15:41
•
Posted by: MK News
Пратеникот Кастриот Реџепи на денешната прес-конференција објасни што се случувало со него изминатите неколку денови, откако во четвртокот тој не се појави да гласа за недоверба на Владата на Македонија. Тој рече дека имало одредени притисоци врз него изминатиот период и за тоа има пријава кај надлежни институции.-Во текот на денот добив пораки, кои се […]
______________________________________________________________________________________________________
09/11/2021 23:17
•
Posted by: MK News
СДСМ едногласно донесе одлука претседателот на партијата Зоран Заев и премиер на државата да ја одложи оставката на неодредено време. Ова вечерва го соопшти Перо Костадинов, претседавач на Централниот одбор на СДСМ, по завршувањето седниците на Централниот и Извршниот одбор на партијата. -Не треба да потенцирам дека државата после многу години режим продолжува и се […]
______________________________________________________________________________________________________
31/10/2021 22:38
•
Posted by: MK News
Најпрво дозволете од името на ВМРО-ДПМНЕ да изразам огромна благодарност до сите граѓани кои со учеството на локалните избори го остварија своето демократко право, а со нивниот глас ја изразија својата волја. Воедно целосно го цениме и правото на граѓаните кои не излегоа да гласаат. Ние ќе продолжиме да настапуваме во интерес на сите граѓани […]
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2021 17:19
•
Posted by: MK News
Согласно обработените 100 отсто од податоци од Државната изборна комисија (ДИК) на вчерашните Локални избори во првиот круг избрани се 33 градоначалници од кои за еден не е исполнет цензусот за излезеност. Се уште не се обработени 100 отсто од гласовите за општините Аеродром, Ѓорче Петров, Ресен и Центар, како и за Градот Скопје. Во […]
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2021 16:50
•
Posted by: MK News
Кандидатот за градоначалник на Карпош од редовите на ГРОМ Стевче Јакимовски влезе во вториот круг по пребројаните 100% од гласовите на ДИК. Имено тој освои 6.830 гласови, додека второ пласираниот Оливер Зафировски од ВМРО-ДПМНЕ има 6.551 глас. Прво пласиран е Душко Весковски од СДСМ со освоени 9.296 гласа. Во однос на советничките мандати освоени во […]
______________________________________________________________________________________________________
13/10/2021 17:01
•
Posted by: MK News
Претседателот на Србија Александар Вучиќ не чекаше многу да реагира по немирите на Косово.Тој веднаш се упати во една од базите близу административната граница нареди подигање на борбената активност на Армијата. Тој во Рашка ќе се сретне со претставници на Србите на Косово. По состанокот не е исклучено тој да нареди српската војска да влезе […]
______________________________________________________________________________________________________
10/09/2021 18:25
•
Posted by: MK News
Модуларната болница во Тетово е пуштена во употреба без технички прием. Сите модуларни болници низ земјава се изградени врз однос на посебен закон според кој обврска за технички преглед на готовиот објект нема. За готовите објекти било вршено само примопредавање, јавува Сител. Раководителот на Ковид центарот во Тетово пак потврдува дека пред примопредавањето имало повеќе […]
______________________________________________________________________________________________________
09/09/2021 11:15
•
Posted by: MK News
Еден ден по извршениот технички прием на модуларната болница во Тетово на 15 април биле утврдени грешки при изведбата. Во август беа оштетени цевките од доводот за кислород. Тендерот за изградба на 17 модуларни болници во земјава лани го доби велешката фирма „Брако” заедно со валандовската „Ари и Том”. Преку заем од Светската банка, државата […]
______________________________________________________________________________________________________
31/08/2021 12:51
•
Posted by: MK News
САД соопштија дека го завршиле повлекувањето на своите сили од Авганистан скоро 20 години по нападите врз таа земја како одговор на нападите врз Америка на 11 септември 2001 година. Повеќе од 122.000 луѓе го напуштија Кабул со воздушен мост воспоставен на 14 август, еден ден пред да ја вратат контролата врз Авганистан од талибанците, […]
______________________________________________________________________________________________________
07/07/2021 15:08
•
Posted by: MK News
На денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче рече дека ќе се дозволи вакцинирање на деца од 12 до 16 годишна возраст со вакцината на Фајзер. Покрај најавата дека од понеделник започнува теренската вакцинација ве информирам дека ќе се дозволи и вакцинирање на деца од 12 до 16 години со вакцината на Фајзер којашто […]
______________________________________________________________________________________________________
29/06/2021 12:56
•
Posted by: MK News
Доза на вакцината „АстраЗенека“, надополнета со втора доза на „Фајзер“, ги произведува најдобрите одговори на Т-клетките, како и подобар одговор на антителата, покажа најновото истражување на Универзитетот Оксфорд. Примањето мешани вакцини, кога вакцината „Фајзер“ против Ковид-19 се дава четири недели по имунизацијата со „АстраЗенека“ ќе произведе подобар имунолошки одговор од втората доза на вакцината „АстраЗенека“, […]
______________________________________________________________________________________________________
14/06/2021 13:47
•
Posted by: MK News
Македонската фудбалска репрезентација е поразена со 3-1 од Австрија на стартот од ЕП . Австријците први го отворија резултатот со погодокот на Лајнер по една добро изработена акција. Но не за долго откако по грешка на противничката одбрана, Горан Пандев го израмни резултатот на 1-1. Горан Пандев го постигна првиот погодок за Македонија на едно […]
______________________________________________________________________________________________________
14/06/2021 13:37
•
Posted by: MK News
Нема ниту еден починат ковид-пациент во претходното деноноќие, првпат по 10 месеци, а регистрирани се и само осум новозаразени од 3068 тестирања и девет оздравени. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека ова е мала победа, која влева надеж, но, апелира да се почитуваат мерките за заштита. – Првпат по 2 септември 2020, денеска не […]
______________________________________________________________________________________________________
10/06/2021 14:56
•
Posted by: MK News
Македонските навивачи нема да можат да патуваат во Амстердам за да ја бодрат нашата репрезентација, ова го потврди и амбасадата на Холандија во Македонија. Навивачите кои добија карти за дуелот меѓу Холандија и Македонија нема да можат да ги искористат, затоа што нашата земја се уште е на листата на држави за кои е забранет […]
______________________________________________________________________________________________________
30/05/2021 13:10
•
Posted by: MK News
Успешно заврши третата трансплантација на срце во земјава од почината 40-годишна дарителка, чие семејство дозволи да бидат пресадени и нејзините бубрези. Подоцна во текот на денот ќе бидат извршени и трансплантациите на бубрезите кај друг пациент. Срцето на почнатата дарителка почна да чука кај 32-годишна пациентка во 11.30 часот утринава, по петчасовна сложена операција на […]
______________________________________________________________________________________________________
25/05/2021 14:43
•
Posted by: MK News
Дваесет и тригодишен масер од Батајница кај Белград, кој со години држел „елитна“ ординација за пластична хирургија е уапсен по неколкунеделна полициска потрага, откако десетици жени се пожалија на здравствени проблеми како последица на неговите неуспешни и нестручно изведени операции. Српските власти ги уапсија лажниот хирург Сава Кнежевиќ и неговата мајка Данијела кои во нерегистрирана […]
______________________________________________________________________________________________________
25/05/2021 14:28
•
Posted by: MK News
Можно е од 1 јуни да биде укината мерката за задолжително носење на маски на отворено, за што ќе одлучува Комисијата за заштита од заразни болести на состанок идната недела. Ова го изјави министерот за здравство Венко Филипче за ТВ21, кој најави дека наредната недела Комисијата ќе одлучува какви мерки за заштита од ковид-19 ќе бидат […]
______________________________________________________________________________________________________