10/12/2018 15:23
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека во наредниот период не се планира носење на закон за општа амнестија. Се разговара само за амнестија за настаните од 27 април во Собранието, но, како што наведе, исклучувајќи ги сите оние кои учествувале во насилството, организацијата или биле осмислувачи. Тој потврди дека добил писмо од осудениците од Затворот […]
______________________________________________________________________________________________________
03/12/2018 16:08
•
Posted by: MK News
Разгледуваме алтернатива и собираме податоци за тоа која ризична група граѓани може дополнително да се заштити од аерозагадувањето со специјални маски и кога ќе ја имаме таа бројка ќе видиме на кој начин ќе може да ги набавиме и да им ги поделиме, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање за […]
______________________________________________________________________________________________________
01/12/2018 16:17
•
Posted by: MK News
Поранешниот претседател на САД Џорџ Х.В. Буш, кој претседаваше за време на крајот на Студената војна и ја изврпи првата инвазија во Ирак, умре синоќа на 94 години. Тој беше 41 претседател на САД. Умре во Хјустон синоќа во 22:10 по локално време, соопшти портпаролот на семејството Буш. Во април заврши во болница со сепса, […]
______________________________________________________________________________________________________
27/11/2018 14:48
•
Posted by: MK News
Техничките служби, во јавноста познати како служби за хомологација, ќе ги доделуваат еколошките налепници за возилата врз основа на документите и годината на производство, а не со мерење на издувните гасови, велат од Министерството за економија. Ова е одговор на прашањето како ќе изгледа самата постапка за еколошка категоризација, за која има многу нејаснотии, бидејќи […]
______________________________________________________________________________________________________
21/11/2018 21:01
•
Posted by: MK News
Груевски ќе се врати во Република Македонија и тука ќе ја отслужи казната. Наводите во барањето за азил се целосно лажни и очекуваме дека унгарските власти ќе ја отповикаат одлуката за азил и дека Груевски ќе биде екстрадиран, изјави портпаролот на Владата Миле Бошњаковски. На прес-конференција рече дека постапката за екстрадиција е почната, документацијата е […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2018 10:30
•
Posted by: MK News
Арсим Зеколи за актуелните настани се осврна на својот фејсбук профил. -Како што трчавте синоќа бркајќи сенки на Грујо по гаражи, повелете вечерва и утре и задутре и прекутре трчајте по Заев и барајте безусловна оставка на неговата влада. Ако не, тогаш не се жалете што ве третираат за загари, напиша Зеколи.
______________________________________________________________________________________________________
12/11/2018 23:53
•
Posted by: MK News
Да кажеме вечерва дека ова што се случува е удар врз демократијата, во најмала рака ќе биде траги-комично, ова што вечерва се случува е дно, истакна генералниот секретар на партијата Игор Јанушев. -ВМРО-ДПМНЕ е под полициска опсада. Членовите на партијата се претресуваат и вознемируваат од страна на полициски службеници. Никогаш во историјата на независна Македонија […]
______________________________________________________________________________________________________
09/11/2018 12:50
•
Posted by: MK News
Прашана од судијката Даниела Алексовска Стафановски дали имала закани во однос на сведочњете за настанот, девојката на Никола Саздовски одговорила позитивно. -Ми се јавија на телефон во училиште, не знам кој ми се јави. Инаку таа била присутна на лице место кога се случил настанот и е прв сведок кој треба да даде исказ за […]
______________________________________________________________________________________________________
02/11/2018 19:03
•
Posted by: MK News
Основниот суд Скопје 1, го отфрли барањето на екс премиерот Никола Груевски за одложување на затворската казна. „Судија за извршување санкции, постапувајќи по молба за одлагање на извршување на санкција определена со правосилна пресуда во предметот означен како „Тенк“, донесе решение со кое ја одби молбата“, пишува во известувањето од Основниот суд Скопје 1. На […]
______________________________________________________________________________________________________
31/10/2018 19:00
•
Posted by: MK News
Неверојатни 7.797.025 денари или 126.780 евра успеаа да наплатат новите милионери од Гостивар, од добивка на спортска прогноза. Давор, Марио, Дарко, Дејан и Александар со уплатени 250 денари на две ливчиња го поставија рекордот на најголема исплатен коефициент, не само во државава туку и во регионот, јавува gostivarpress.mk кој oбјави и фото од срекните […]
______________________________________________________________________________________________________
27/10/2018 22:07
•
Posted by: MK News
Седум мажи, имигранти од Сирија, и еден Германец се упасени во петокот во германскиот град Фрајбург под сомнение дека силувале 18-годишна девојка, пренесува Deutsche Welle. Според наводите на полицијата, девојката го запознала еден од осомничените во ноќен клуб каде што ја дрогирал ставајќи и’ засега непозната супстанција во ијалокот. Со ДНК тест е утврден идентитетот […]
______________________________________________________________________________________________________
26/10/2018 13:44
•
Posted by: MK News
Седумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои се исклучени од партијата откако гласаа за потребата за уставни измени во Собранието, во иднина во законодавниот дом ќе функционираат како пратеничка група. Ова како што неофицијално дознава Плусинфо, било договорено на синоќешниот состанок на пратениците на кои, како што ни потвруваат, ќе им се придружи и пратеничката Владанка Авировиќ […]
______________________________________________________________________________________________________
24/10/2018 16:56
•
Posted by: MK News
Ако некој мисли дека ќе се скрие зад некого или нешто, се излажал – сѐ ќе си дојде на виделина, вели пратеничката Елизабета Канчевска-Милевска, која пред четири дена беше исклучена од ВМРО-ДПМНЕ, за Дојче веле на македонски јазик ДВ: Како изгледаше вашиот ,,ден потоа“? Искрено ќе ви кажам. Добив огромна поддршка и многу позитивни пораки. Можеби […]
______________________________________________________________________________________________________
23/10/2018 14:31
•
Posted by: MK News
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одлучи да ја исчисти својата партија од „мијалковисти“ и „реформисти“. Потпретседателот Николовски ја честиташе новата „криминална коалиција“ Откако во петокот од партијата експресно беа исфрлени седуммината пратеници кои го поддржаа процесот на уставни измени во Собранието, разрешени се и потпретседателот на партијата Митко Јанчев и членот на Извршниот комитет Костадин […]
______________________________________________________________________________________________________
23/10/2018 14:23
•
Posted by: MK News
Се огласи на фејсбук и исклучениот Никола Тодоров Почитувани членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, драги пријатели, почитувани граѓани, Денот на Македонската револуционерна борба, за мене ден на ВМРО, оваа 2018 година го дочекав со голема тага и разочараност. Но, не од фактот што е даден предлог за мое исклучување од партијата на која и го […]
______________________________________________________________________________________________________
23/10/2018 00:17
•
Posted by: MK News
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на прес-конференција по завршувањето на Централниот комитет потврди дека од партиските функции се разрешени Митко Јанчев од потпретседател на партијата и Константин Богданов од член на извршен а на општинските комитети им препорача да отворат дисциплински постапки против Сашо Мијалков и Никола Тодоров и истите да ги исклучи од партија. […]
______________________________________________________________________________________________________
21/10/2018 17:38
•
Posted by: MK News
Град Скопје и „Kомунална хигиена“ исплаќаат отштета на граѓани што биле каснати од улични кучиња и кои потоа тужеле на суд и добиле надомест на штета. Во октомври минатата година 300 граѓани побарале да се вакцинираат на Инфективната клиника поради истата причина. Во главниот град честа е појавата на напад на кучиња скитници. Дневно во […]
______________________________________________________________________________________________________
19/10/2018 23:34
•
Posted by: MK News
„Вечерашново гласање е голем чекор кон нашиот заеднички успех“, му порача вечерва грчкиот премиер Алексис Ципрас на премиерот Зоран Заев, откако македонскиот парламент ги изгласа уставните промени, кои беа услов за Преспанскиот договор. „Честитки, пријателе мој, Зоран Заев!“, напиша Ципрас. „Вечерашново гласање е голем чекор кон нашиот заеднички успех. Мошне важен чекор кон мирна и […]
______________________________________________________________________________________________________