19/10/2018 22:49
•
Posted by: MK News
Во Собранието вечерва имаше и поединечно гласање. „За“ гласале пратениците од власта, но и дел од опозицијата. „За“ гласале Владанка Авировиќ, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Нола Исмајлоска Старова, Крсто Мукоски, Лилјана Поповска, Елизабета Канческа Милевска, и други. Со 80 гласа „За“ власта обезбеди двотретинско мнозинство. Со промените на Уставот ќе се отвори пат за спроведување […]
______________________________________________________________________________________________________
17/10/2018 12:43
•
Posted by: MK News
Европската комисија стравува дека германските производители на автомобили ќе се обидат да извезуваат стари дизел автомобили, отстранети од германски патишта, во земји од Источна Европа. Тоа го нагалси европскиот комесар за индустрија, Елзбјета Бенковска. -Извозот ќе значи префрлање на проблемите со квалитетот на воздухот од запад кон исток, изјави таа. Бугарија, на пример, минатата година […]
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2018 13:39
•
Posted by: MK News
Актерката Милена Дравиќ почина на своја 79-годишна возраст по долгата и тешка болест. Таа беше дива, неверојатна актерка која со својата енергија и широка насмевка разорожувала апсолутно се. Зад себе остави бројна фредна филмска, серијска, телевизиска и театарска кариера. По феноменалните улоги ќе ја паметиме оваа актерка која во неколку наврати покажала колку е племенита. […]
______________________________________________________________________________________________________
08/10/2018 20:18
•
Posted by: MK News
Зоран Заев нема легитимитет да го менува Уставот за да го смени уставното име на Република Македонија, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференциите на владиниот портпарол, Миле Бошњаковски и потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски за амандманите за промена на Уставот кои Владата ги достави до Собранието. „Зоран Заев нема легитимитет да ги менува идентитетот, историјата, културата […]
______________________________________________________________________________________________________
02/10/2018 15:45
•
Posted by: MK News
Доколку должите за некоја неплатена сметка, доверителите имаат право да побараат блокирање на вашата сметка. Процедурата се состои од следново: прво, доверителите (сами или со помош на адвокат) поднесуваат барање на платен налог; второ, го доставуваат до нотарите со кои соработуваат, а тие врз основа на неподмирените фактури го издаваат тој платен налог; трето, преку […]
______________________________________________________________________________________________________
02/10/2018 15:32
•
Posted by: MK News
Во случај на евентуална нестабилност на Македонија, би можела да се распадне и тоа би било најлошото сценарио, изјави во интервју за грчката телевизија ЕРТ министерот за надворешни работи Никос Коѕијас. Тој во гостувањето во грчката телевизија потсети дека референдумот е консултативен и дека не е предуслов за реализација на Преспанскиот договор, кој беше потпишан […]
______________________________________________________________________________________________________
02/10/2018 15:21
•
Posted by: MK News
Првиот од највените десет дена за обезбебедување на двотретинска поддршка за уставните измени предвиени со преспанскиот договор, поминува без јавна комуникација помеѓу власта и опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ чека абер, откако премеирот за дененска најави старт на разговрите. Најави за евентуални јавни средби засега нема. Нејасен е и форматот под кои би се одвивале консултациите. За СДСМ […]
______________________________________________________________________________________________________
01/10/2018 11:59
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев не планира да поднесе оставка од функцијата, бидејќи референдумот го оцени како успешен, на него над 90 отсто од оние кои гласале дале поддршка за Договорот од Преспа и интегрирањето на Македонија во ЕУ и НАТО. Тој нагласи дека сега е уште поодлучен да ја води Македонија на патот до ЕУ и […]
______________________________________________________________________________________________________
30/09/2018 12:31
•
Posted by: MK News
На бреговите на Малта, како и регионот на калабрија и Сицилија, на југот на Италија невремето кое го донесе реткиот медитерански ураган (Медикен) наречен Зорбас вчера предизвика големи штети, како и итна евакуација на населението. Ураганот потоа продолжи со ист интензитет кој грчките региони Пелопонез и Атика. Италијанските медиуми пренесуваат дека во Катанија, на брегот […]
______________________________________________________________________________________________________
27/09/2018 16:28
•
Posted by: MK News
Во недела ќе се соочите со историска одлука. Треба да направите избор. Запаметете, тоа не е избор меѓу две политички партии. Тоа е избор за вашата иднина, за иднината на вашите деца. Тоа е избор за иднината на нашата сакана Македонија. Ова го порача премиерот Зоран Заев во видео обраќањето до граѓаните за референдумот на […]
______________________________________________________________________________________________________
24/09/2018 23:53
•
Posted by: MK News
Од утре температурите во Македонија ќе опаднат за 10 до 15 степени целзиусови, а од среда наутро утринските може да паднат и околу нулата, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Времето, информираат од УХМР, ќе биде претежно сончево, но ветровито со силен северен ветер, како и значително постудено. Дневната температура во поголем дел од земјава […]
______________________________________________________________________________________________________
24/09/2018 23:46
•
Posted by: MK News
Ниеден политичар нема мандат да преговара за идентитетот на еден народ. Мнозинството македонски граѓани не гласале за програма во која е предвидена промена на Уставот на Република Македонија заради промена на уставното име на државата. Па така, ниту актуелната влада не добила мандат од народот ниту од гласачите за промена на идентитетот, за откажување од […]
______________________________________________________________________________________________________
24/09/2018 23:39
•
Posted by: MK News
Еден Сириец на Твитер и другите социјални мрежи ги моли луѓето да му помогнат да ја пронајде својата ќеркичка Алса (5), од која хрватските полицајци го одвоиле на граница и го вратиле во Босна и Херцеговина. Несреќниот човек раскажува дека неодамна со група мигранти успеал преку Бихаќ да влезе во Хрватска и по два дена […]
______________________________________________________________________________________________________
22/09/2018 12:02
•
Posted by: MK News
Брзото темпо на живот резултира и со однапред приготвена храна која ја подгреваме, но таа пракса секако треба да се избегнува со продуктите кои поради греењето стануваат токсични. Некои продукти, при подгревањето, го менуваат својот состав и ги губат своите хранливи својства, а дури стануваат и токсични. Печурки Печурките најдобро е да се јадат веднаш […]
______________________________________________________________________________________________________
21/09/2018 11:50
•
Posted by: MK News
Пет лица се приведени, откако по проверка на три возила во едното е пронајден пиштол. СВР Скопје вчера околу 16 часот презеде мерки и активности на паркинг просторот на трговски центар во Скопје. Извршен е преглед на три патнички моторни возила „мерцедес“, „ланчиа делта“ и „голф“ во кои се затекнати пет лица и тоа О.Б. […]
______________________________________________________________________________________________________
20/09/2018 11:53
•
Posted by: MK News
Се отвори прашањето дали новата процедура ќе го олесни или отежни пријавувањето на приходи ?! Сите граѓани кои имале било каков приход изминатата година ќе треба да седнат пред компјутер и електронски да се регистрираат на е-персонален данок. Во прозорчето Регистрирај се да ги внесат своите лични податоци, матичниот и телефонскиот број, како и лозинка. […]
______________________________________________________________________________________________________
15/09/2018 14:22
•
Posted by: MK News
Видеото со безбедносни камери ги откри деталите за убиството на инвеститорот Зоран Трифуновиќ, што се случи пред две недели во улицата кралот Александар. Тој бил застрелан среде улица, од пензионираната Стојанка Цока Стојановиќ (70), која беше уапсена неколку часа по делото и се наоѓа во притвор. Убиството било снимено од камери од видео надзор на […]
______________________________________________________________________________________________________
13/09/2018 14:12
•
Posted by: MK News
Американските експерти соопштија дека сите 6 нуклеарни електрани кои се наоѓаат во регионот каде се очекува да помине и ураганот Флоренс се безбедни, меѓутоа, поедини експерти не се толку сигурни, предупредувајќи дека поплавите би можеле да ги загрозат нивните системи за заштита. Шест нуклеарни електрани се наоѓаат во Северна и Јужна Каролина, токму таму каде […]
______________________________________________________________________________________________________