Тага во Влае: Мајката четири часа го држела загинатото девојче во раце (Видео)


Во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево околу 15:30 часот во скопската населба Хром загина девојче на возраст од околу 12 години. Како што информираат од МВР, товарно моторно возило удрило во пешакот.

Медицинските екипи кои пристигнале на местото на несреќата констатирале дека девојчето починало на лице место. Според очевидците, девојчето ја преминувало улицата на зелено, a камионот на црвено, информира Телма. Според Сител девојчето се враќало од Тинекс маркетот во непосредна близина и ја минувала улицата на пешачкиот премин.Очевидци тврдат дека девојчето било со својата мајка останала да пазари во блискиот маркет, а девојчето кое било пресреќно што добило нова јакна брзало кон дома. Камионот ја прегазил на пешачки премин, немало траги од кочење и тоа починало на самото место зошто камионот со три трикала поминал преку неа.

Здравство24.мк

Здравство24.мк

Очевидци велат дека камионот буквално го смачкал девојчето, прегазувајќи го со првото, третото и шестото тркало.

Како што информира Телеграф.мк пак повикувајќи се на изјави од очевидци, девојчето било усмртено речиси пред очите на својата мајка со која заедно излегле да пазарат. Мајката цело 4 часа го гушкала мртвото тело на своето дете недозволувајќи да ја оттргнат од неа.

Како што информираат од МВР, товарно моторно возило удрило во пешакот на раскрсницата меѓу улиците „Адолф Циборовски“, „Ангел Динев“ и „Стефан Филиповиќ“. Се врши увид на местото по што ќе се утврдат околностите за несреќата

Видео на Канал 5 Телевизија од местото на несреќата

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1