Тајниот живот на растенијата: Научниците открија растенијата комуницираат!


Растенијата на звук одговараат со „треперење“ и така комуницираат помеѓу себе. Не ова не е научна фантастика туку резултат од истражувања кои ги направиле научници од западна Австралија.

– Сите знаат дека растенијата реагираат на светлина, а на научниците до сега им било познато дека растенијата користат софистицирана хемиска комуникација за да пренесат информација едни на други: на пример кога ќе им се приближат тревопасни животни растенијата ги алармираат „соседите“ со силна хемиска порака, открила Моника Гагилано од Универзитетот во Западна Австралија.

– Еден ден работев во својата градина со лековити билки кога почна да ми се врти во глава прашањето дали растенијата се чувствителни на звуци – па така дојдов до идејата за истражувањето и почнавме да ја истражуваме оваа област, додала Моника.

Доктор Гагилано заедно со професорот Даниел Роберт од Универзитетот Бристол во Британија и професорот Стефан Манкус од Универзитетот Фиренца во Италија, откриле дека корените на младите растенија емитираат и реагираат на одредени звуци.

Тие потврдиле дека корењата на младата пченка создаваат регуларни звуци со треперење.

Научниците исто така откриле дека доколку ги потопат корените во вода тие постојано се насочуваат во правецот на изворот на звукот кој се емитува на 220 херци што всушност претставува фрекфенција на треперење и комуникација на пченката.

Тие во заклучокот на студијата напишале дека голема е можноста растенијата да реагираат сензорно и на друга област:

– Постои голема можност некои растенија да имаат развиена реакција на звуци и вибрации и истите да играат важна улога во животот на растенијата.

Доктор Гагилано изјавила дека се надева оти нејзиниот труд ќе поттикне донатори на финансии за понатамошни истражувања со кои би се открило како растенијата реагираат на звуци.

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1