Татко, ќерка и зет загинаа во сообраќајката кај Битола


Возачот на „Фиат тофас“ кој учествуваше во вчерашната несреќа кај Битола и неговите двајца сопатници всушност биле членови на едно семејство. Иако со различни презимиња, според неофицијалните информации станува збор за татко, ќерка и нејзиниот невенчан сопруг.

koli-500Во автомобилот со скопски регистерски таблички, животот го загубија 38-годишниот Делшат И, неговата 20-годишна ќерка Ѓулшан Ф. и нејзиниот четири години постар невенчан сопруг, Бесим Р.

Во несреќата загинаа уште две лица, кои како сопатници беа во „Голфот“, 17-годишниот Зија А. и Афип Н. (19), а повредени се уште две лица од истиот автомобил, возачот кој се бори за живот А.Х. (21) и сопатникот М.Ј. (18).

Телата на починатите се предадени на обдукција, а полицијата изврши увид на местото на несреќата. Сообраќајот до 1 часот по полноќ беше во прекин и пренасочуван по стариот пат Битола-Прилеп.

Kurir

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1