Таткото ќе го донира црниот дроб за да го спаси Андреј – Се нема пари за операцијата, навивачите во хумана акција


Македонските навивачи од повеќе градови од земјата деновиве организираат повеќе хуманитарни акции за спас на нивниот другар Андреј Коруновски кој боледува од заболување на црниот дроб и итно му е потребна трансплатација во рок од 6 дена.

Неговото семејство и блиските и се обратија на јавноста за помош преку следната порака:

Image.ashxНашиот пациент Андреј Коруновски, боледува од заболување на црниот дроб. Потребна е итна трансплантација на неговиот Црн дроб, во рок од 6 дена. За таа трансплантација, што треба да се организира во Турција, потребни се 20.000 Евра. Донатор негов е таткото на Андреј.

За повеќе инфромации за големиот хуманитарен концерт за спас на Андреј информирајте се на следниот линк.

Покрај хуманитарниот концерт се организира и турнир во фудбал, а за повеќе информации посетете го следниот линк

Информации како да помогнете на  – Пулс 24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1