Младиот Ервин Билички е пронајден мртов во неделата пред една локална пекара откако бил претепан од роднините на неговата девојка од српска националност. Наводно несреќното момче сакало да се ожени со својата сакана, но нејзината фамилија биле против љубовта бидејќи тој е Унгарец.
Според првичните резултати од обдукцијата пронајдена е вода во неговите бели дробови.
Тој бил нападнат од група луѓе на возраст од 30-40 години, а неговото тело е пронајдено во мала локална бара.
-Ако убиците на мојот син Ервин, ги пронајдам пред полицијата, ќе им пресудам со своите раце а потоа ќе си пресудам себе си.
Тоа им го реков и на инспекторите, изјави Иштван Лакатош, татко на убиениот 17 годишен син Ервин Билицки.
Тензично и нпнато е во Бечеј.