Веќе извесен период се зборува дека Наоми Кембел (47) има проблеми со нозете поради високите потпетици кои ги носи целиот живот. Сепак, светот остана во шок откако за прв пат ја виде црната газела во оваа состојба.
Убавата манекенка завршила во инвалидска количка по повредата на стапалото, пишува Дејли Мејл.
Нејзиниот претставник изјавил дека е во прашање помала повреда која наскоро треба да биде излекувана, но се повеќе се зборува за големите боли кои Наоми ги трпи. Наводно имала и операција на колковите, а како што пренесуваат светските таблоиди оваа состојба е последица од високите потпетици и секојдневното вежбање.
Во последно време Наоми во неколку наврати била фатена од папараците како се потпира на стап додека оди, а неколку дена пред Божок е фотографирана во инвалидска количка.
Ова не е прв пат Наоми да ја плаќа цената на модната индустрија. Порано на големо се пишуваше дека драстично и опаднала косата како резултат од илјадниците фризерски зафати за потребите на големите модни ревии.