ТАЖНО: Ова момче собира остатоци од мигранти за да не умре од глад


Тажна приказна за мало момченце од Србија ќе ви го скрши срцето.

Малиот Золтан ги собира остатоците од храна кои ги фрлаат бегалците од Сирија и ги јаде, бидејќи во спротивно ќе умре од глад.

Неговата мајка за српскиот Курир вели дека не знае кој направил фотографија од нејзиното мало синче.detence migranti

– Сиромашни сме, едвај сврзуваме крај со крај, но моето синче не собира остатоци од мигрантите, вели 33-годишната Силвија.

Таа ја раскажува својата голгота. Со своето синче и двегодишната ќерка живее во куќа во која нема ни струја.

– Животот е неподнослив. Живееме од социјална помош, но секако со две деца не е доволна за ништо. Золтан тргна во училиште, а уште нема ни прибор. Тој веќе гледа дека не можам да се изборам сама со сето ова, вели таа низ солзи.

Таа додава дека и е тешко и нема ништо, но ги разбира бегалците кои немаат ни покрив на главата и би го поделила и последното парче леб со нив.

Фотографијата од осумгодишното момченце го растажи регионот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1