Поранешен телохранител на Осама Бин Ладен – Набил Наим Фатах тврди дека Бин Ладен, не бил убиен од американските војници од единицата “Navy SEAL”, туку самиот се разнел со експлозив.
Наводно Осама Бин Ладен самиот го активирал експлозивот кој му бил замотан околу појасот кога американските специјалци во текот на операцијата „Џеронимо“ влегле во неговата скривница.
Според Фатах кој не бил присутен на местото на настанот, американските фоки убиле двајца чувари, но не стасале до Осама жив – туку тој самиот се разнел пред тие да влезат во собата во која бил.
Фатах не верува дека телото на Бин Ладен било фрлено во море по смртта.
– Телото на Бин Ладен било разнесено на многу делови, што е исто како кај бомбашките самоубиствени напади, рече Фатах.