Легендарната тенисерка Мартина Навратилова ја запроси својата долгогодишна партнерка Јулуја Лемигову на стадионот Артур Еш во Њујорк.
Освојувачката на 18 гренд слем титули ги изненадила сите присутни кога се појавила на големото платно.
-Го чекав вистинскиот момент да ја прашам Јулија да се венчаме. Помислив дека ова е вистинското место и вистинското време да го поставам прашањето и благодарна сум и што одговорот е ДА, изјави Навратилова.
Тие две се верени од 2009 година. Лемигова има 42 години и во 1991 година беше последната мис на Советскиот сојуз.