Тенисерот Горан Иванишевиќ пред банкрот?



Измамите и аферите во бракот на Горан Иванишевиќ и Татјана Драгович сепак не се единствена грижа на познатиот тенисер. Покрај љубовните проблеми кои кулминираат откако неговата сопруга Тања е забележана како се гушка со 10 години помладиот фудбалер Марко Шимиќ, Иванишевиќ веќе години го мачат финансиски проблеми.
„Виновен сум затоа што влегов во бизнис во кој нема почитување. Во градежништвото влегов многу наивно како од градинка на факултет“ изјави пред две години тенисерот кога претрпе финансиска загуба во изградба на елитни станови во Сплит.

За тоа се дозна во 2010 година кога банката му ја одзеде јахтата „Амбер“ поради не редовно плаќање на ратите кои месечно изнесувале над 10.000 евра. Најдобриот хрватски тенисер за време на својата кариера заработил околу 20 милиони долари и уште толку од спонзори.

Од недвижности Иванишевиќ има стан во Монте Карло и вила во предградие на Загреб која ја продал за да купи стан во центарот на главниот град. Сепак кај него се тргна наопаку кога во 2008 година беше откриена аферата меѓу него и водителката Вања Халиловиќ.

За да се оправда пред жена му и купи пентхаус од 550 метри квадратни, а за да се смират најголем дел од годината поминаа во куќата во Лос Анџелес. Истовремено тенисерот почна да инвестира во недвижности и тоа токму пред големата рецесија која резултираше со огромен пад на цената на недвижностите во Хрватска.

Share Button

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1