Америка не сака Дачиќ да биде премиер на Србија


САД не сакаат Ивица Дачиќ да биде премиер, па поради тоа државниот секретар Хилари Клинтон во Белград го праќа Филип Рикер. Тој три дена ќе престојува во Белград за да се состане со лидерот на Српската напредна странка, Александар Вучиќ и со лидерот на Демократска странка, Борис Тадиќ за да види дали постои шанса за формирање на голема коалиција.
„Американците ги иритира Дачиќ со својата косовска реторика која е популистичка и ја враќа Србија во минатото, ја отежнува сигурносната состојба на северот на Косово и го отежнува секој договор за прашањето за регионот“ се вели во српскиот весник Блиц кој цитира анонимем извор од дипломатски кругови.

Истиот тој извор твди дека изјавите на Дачиќ за Косово со кои влезе во предизборната кампања се надоврзаа на популистичките изјави за праќање на сигурносни сили на Косово, како и со неодамнешната заклетва на полицискитот одред „жандармерија“.

Во заклетвата се наведува дека Србија и српскиот народ се ништо без Косово. Рикер во Белград ќе се состане со Дачиќ од кого ќе побара да му објасни дали реториката за Косово е само за добивање на гласови или е сериозен кога зборува за праќање сили на северно Косово.

Share Button

Tags: , , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1