Тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице се случи вечерва околу 20:10 часот на булеварот „Борис Трајковски“, јавува Курир
Од СВР Скопје за Курир велат дека автобус на ЈСП удрил во непознато машко лице кое починало на лице место. Починатиот маж, според првичните информации е на возраст од околу 65 години.
Полицијата на местото на несреќата извршува увид, по што ќе бидат познати деталите за истата. Идентитетот на починатиот маж засега не е познат.