Тешка сообраќајка на патот Куманово-Скопје: Две лица се борат за живот


Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево околу 14 часот на патот Куманово – Скопје кај наплатната рампа Миладиновци, автомобил Рено излетал од патот и се превртел, пренесува „Канал 5“.

kola1Повредени се четири лица, од кои две потешко.

Повредените се пренесени во Ургентниот центар во Скопје. Се уште не се знае причината зошто возачот изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот.

На терен треба да излезе увидна екипа која треба да ги утврди причините за несреќата.kola2

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1