Тешко на швалерите – на Водно се постави камера и преку интернет секој ќе си гледа


На Крстот на Водно е поставена камера. Таа е свртена кон жичницата, со цел да се снима атмосферата горе.

krst vodnoОд Јавното сообраќајно претпријатие “Скопје” велат дека деновиве таа ќе се поврзе и со нивната веб страница, од каде што граѓаните во секој момент ќе можат да проверуваат какво е времето и дали има луѓе на жичницата.

Идејата е сите да имаат преглед во моменталната состојба на Водно, за да можат полесно да одлучат дали да го посетат или не.

Оттаму најавија дека за кусо време снимките од камерата ќе се прикажуваат и на видеобим на трговскиот центар “Сити галери” на Плоштад.

Скопјани, пак, на шега велат дека камерата ќе ги исплаши швалерите на Водно.

Вест.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1