Тетовчани со гасен пиштол пукале од автомобил во движење


Среде бел ден, од автомобил во движење, двајца тетовчани пукале во Тетово со гасен пиштол.

Околу 15 и 30 часот од автомобил марка „БМВ“ било пукано во воздух на улицата Маршал Тито, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Со брза реакција полицијата веднаш ги привела А.Р. (35) кој управувал со возилото и Б.А.(26) кој седел на совозачкото седиште, двајцата од селото Голема Речица.

При претрес на нивниот автомобил, под совозачкото седиште бил пронајден и запленет гасен пиштол и еден патрон. Оружјето е дадено на понатамошно вештачење.

Полицијата работи на расчистување на случајот и подготовка на соодветни пријави.

 

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1