Пратениците во реконструираното собрание ќе уживаат во сопствена канцеларија и фитнес центар


Канцеларија за секој пратеник, фитнес центар и најново ТВ – студио ќе добијат пратениците во реконструираната собраниска зграда на која се работи веќе две години.

“ Дневник“ пишува дека студиото ќе биде сместено под салата “Борис Трајковски“ на 240 метри квадратни во сутеренските простории. Првична цел на медиумскиот простор ќе биде пренесување на собранискиот канал, но исто така ќе се користи и за снимање дебатни емисии. Истото ќе биде опремено со платформи за седење и глува соба за тонско снимање, а како и секоја телевизиска станица ќе има и канцеларии за новинарите, деск и уредник. До ноември идната година се очекува да биде готово, а во 2013 и 2014 да биде набавена потребната опрема.

Пратениците по напорниот ден, ќе може да си се релаксираат во фитнес-центарот кој ќе се протега на 80 метри квадратни. “Дневник“ пишува дека и спортскиот центар се прави по урнек на европските парламенти, со цел да им се направи работното место попријатно. Салата ќе биде сместена во сутеренските простории од десната страна на главниот влез.

Пред неколку недели во планот за реконструкција на Собранието беше вметнат и уште еден објект, видиковецот, отворена тераса во надградбата на зградата со убав поглед кон Паркот на жената-борец, но и поглед кон големата стаклена купола каде што ќе биде сместена свечената дебатна сала.

За реконструкција на зградата на Собранието, изградена во 1939 година,ќе бидат потрошени 12,8 милиони евра. Обновата на зградата започна на 30 март 2010-тата година, а се очекува да заврши во ноември следната година.

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1