Што се случува со профилот на Фејсбук кога корисникот ќе умре?


 

Дали некогаш сте се запрашале што се случува со профилот на Фејсбук корисникот откако истиот ќе почине?
Разни студии покажале дека пријателите на личнота која починала на нејзиниот профил оставаат пораки со кои едноставно на некој начин покажуваат колку им недостигаат.

Но, што се случува со профилот на личноста која починала? Фејсбук дава две можности. Исполнување на формулар за бришење. Фејсбук трајно го брише корисничкиот профил, додека со исполнување на друг формулар, Фејбук дава можност профилот да се користи од страна на одговорни лица вработени во оваа компанија, со цел да го користат како профил за сеќавање на умрената личност.
Откако личноста ќе почине, не може на профилот да се додаваат пријатели. На ѕидот може да пишуваат само оние кои што до тогаш биле на оваа листа.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1