Тибетски тест на личноста: Пред да го решите замислете желба


Еден од најинтересните тестови на личноста е тестот за кој се тврди дека го составил самиот Далај Лама,  кој ќе ви открие каква личност сте и кои ви се приоритетите во животот иако можеби не мислите дека е така.

Пред да почнете да го решавате, треба да замислите конкретна желба.

07092014192316_dalaj lamaНапомени:

Не враќајте се назад. Земете пенкало и лист и забележете ги своите одговори.
На секое прашање се дава само по еден одговор.
Првата работа која ќе ви падне напамет обично е вашиот најдобар одговор.
Замисливте желба? Може да почнете!

(1) Подредете ги следните 5 животни по ред од најомилени кон најмалку омилени:

А) Крава
Б) Тигар
В) Овца
Г) Коњ
Д) Прасе

(2) Напишете по еден збор кој ги опишува следниве работи:

А) Куче
Б) Мачка
В) Глушец
Г) Кафе
Д) Море

(3) Сетете се на некој кој ве познава и ви е важен, а можете да го поврзете со некоја од следниве бои. Не повторувајте една личност двапати. За секоја боја одредете само една личност.

А) Жолта
Б) Портокалова
В) Црвена
Г) Бела
Д) Зелена

(4) Напишете го вашиот омилен број и омилениот ден во неделата.

 

РЕШЕНИЕ

(1) Вака се опишуваат приоритетите во животот:

Кравата означува кариера.
Тигарот означува гордост.
Овцата означува љубов.
Коњот означува семејство.
Прасето означува пари.

(2) Вака се опишуваат важните аспекти на вашиот живот:

Вашиот опис на кучето ја означува вашата личност.
Вашиот опис на мачката ја означува личноста на вашиот партнер.
Вашиот опис на глушецот ја означува личноста на вашиот непријател.
Вашиот опис на кафето го означува вашето доживување на љубовниот живот.
Вашиот опис на морето го прикажува начинот на кој живеете.

(3) Вака се опишуваат важните личности во вашиот живот:

Жолта: Некого кого никогаш не го заборавате.
Портокалова: Некого кого можете да го сметате за вистински пријател.
Црвена: Некого кого навистина го сакате.
Бела: Вашата сродна душа.
Зелена: Единствената личност која ќе ја паметите до крајот на животот.

(4) За да ви се исполни желбата…

Овој интригантен тест поделете го со онолку луѓе колку што напишавте, а вашата желба ќе се оствари на денот кој го напишавте.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1