ВИДЕО: Еве како Андреј стана Андреја!


Андреја Пејиќ, која неодамна го промени полот и стана жената која отсекогаш посакувала да биде, сега го објавува својот прв документарен филм насловен како Андреј(а).

Неодамна манекенката со српско потекло покрена кампања на “Kickstarter” за снимање на овој документарец, кој го прикажува нејзиниот пат од машки модел, преку операција за промена на полот, до обидите да се етаблира како женски супермодел, а сега пристигнуваат и првите исечоци…andreja-pejik-snima-dokumentarec-za-promenata-na-polot-video-02

Манекенката сакала да ја покаже “физичката, емоционална и професионална промена која ја доживеала, за да им помогне на младите луѓе кои поминуваат низ слични проблеми”.

Во исечокот кој го објави магазинот “People” се гледа Андреја после операцијата, како разговара на телефон и открива дека и е понудено да учествува на ревијата на Дона Каран, но дека најверојатно ќе мора да шета со катетромот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1