Тимошенко: Ќе му пукам во чело на гадот Путин! Да ги убиеме проклетите Руси – со нуклеарка


На Ју тјуб е поставена снимка од телефонски разговор направен на 18 март меѓу бившата премиерка на Украина Јулија Тимошенко и поранешниот заменик секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина Нестор Шуфрич. Тимошенко вели дека ќе ја срамни Русија со земјата, а Русите ќе ги испоубијат. Ќе зграбам оружје и ќе му пукам во чело на гадот Путин- вели Тимошенко, 

timosenkoСнимката е објавена од телевизијата Russia Today, а еве го преводот на разговорот.

Тимошенко: Јас сум подготвена да земам автоматска пушка и да го пукам тој к****н син во главата.

Шуфрич: Му реков вчера, ако избие воен удар, мојот постар син и јас, како резервни офицери, ќе го земеме оружјето во раце и ќе дојдеме да ја браниме нашата земја.

Тимошенко: Ова е навистина вон сите граници. Време е да го зграпчиме нашето оружје и да одиме да ги испоубиеме тие проклети Руси, заедно со нивниот водач. Жалам што не можам да бидам таму во овој момент и што не сум овластена да учествувам. Не би имало е*** начин да го добијат Крим назад во тој случај.

Шуфрич: И јас всушност размислував за тоа, исто така. Да беше таму, тоа не би се случило. Но сеедно немаме никаков потенцијал и сила. Знаеш, најмногу навредува тоа што…

Тимошенко: Би пронашла начин да ги испоубијам тие проклетници. Се надевам дека ќе бидам во можност да ги вовлечам во тоа сите мои врски. И ќе ги употребам сите средства да направам целиот свет да се подигне така што нема да остане ни едно поле што не е спржено во Русија.

Целиот телефонски разговор на ова видео.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1